Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Карго воведува пакетомати, самоподигнување на пратките на седум локации во Скопје и една во Битола

0
By Marija Todorovska on December 24, 2024 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

На македонскиот поштенски пазар првпат се воведени пакетомати, уреди кои на корисниците им овозможуваат самопослужување со преземање на својата пратка во кое било време во рок од 72 часа. Во Скопје се веќе поставени на седум локации, а во Битола на една.

– Оваа иновација им овозможува на корисниците да изберат локација на пакетомат која ним најмногу им одговара, за пратката да извршат уплата преку електронско банкарство (доколку имаат обврска за плаќање) и по СМС порака да ја подигнат својата пратка. Треба само да се поврзат на линкот од СМС пораката кој што ќе им побара поврзување со bluetoоth и веднаш ќе им се отвори нивното сандаче, изјави за Биљана Глумац од Карго Експрес, компанија која првпат во земјава ја воведува услугата достава преку Пакетомат или Locker, која што му овозможува современа, практична и брза достапност на корисникот до својата пратка.

Трендот на преземање на пратки од пакетоматите во европските земји и кај нашите соседи расте од година во година, а најголема причина за доцнење на ваков проект во државава, како што вели, е тоа што во нашиот поштенски пазар голем дел од пратките се со наплата при достава т.е. откупнина или поштарина.

-Нашиот тим се обидуваше да изнајде решение како таа наплата би се имплементирала без притоа корисниците на услуги да не бидат изложени на додатни трошоци. Потребите на една компанија на константно унапредување и развој на истата придонесе да се оствари ваков проект, односно да се интегрираат логистичките услуги во својата развојна стратегија за да можат да се остварат придобивките за понуда кон корисниците, изјави Глумац.

Таа информира дека во соработка со компанијата „Тинекс“ поставиле седум пакетомати пред нивните објекти на седум различни локации во Скопје, а во скоро време ќе бидат поставени уште четири нови пакетомати. Еден пакетомат е поставен и во Битола, а се очекува во наредниот период мрежата да се прошири низ целата држава.

Пакетоматите се независни еколошки уреди кои за напојување користат соларна енергија. Со тоа се намалува користењето на возилата со што автоматски и оваа достава се смета како еколошка.

Глумац потенцира дека он-лајн продажбата денес станува главна сила на поштенскиот пазар, а во блиска иднина ќе биде традиционален начин на купување.

Истакнува дека секоја конкуренција е добра бидејќи овозможува подобро да се согледа позицијата на компанијата на пазарот, но, како што вели, за жал има се повеќе примери кога конкуренцијата се претвора во нефер игра во која некои од учесниците ја преминуваат границата на етика.

– Поштенските компании во ланецот во е –продажбата претставуваат најважната карика за достава на робата до крајниот корисник. Развојот и афирмацијата на е –продажбата секако придонесе курирскиот синџир да се шири, а со тоа да се зголеми конкурентноста на пазарот. Секоја конкуренција е добра бидејќи овозможува подобро да ја согледаме позицијата на компанијата на пазарот. За жал имаме се повеќе примери кога конкуренцијата се претвора во нефер игра во која некои од учесниците ја преминуваат границата на етика. Сведоци сме дека постојат фирми кои вршат превоз на поштенски пратки без лиценци, фирми кои немаат регистрирано ниту еден вработен, немаат свои збирни места, а исто така не поседуваат свои брендирани возила, изјави Глумац.

Укажува дека цел и стратегија во развојот на една поштенска компанија како еден од клучните чинители во поштенскиот сектор треба да биде, пред се, анализа на постоечката состојба во чиј процес регулаторните начела за осигурување на квалитет и одржливост на давател на услуга се усогласени со политиката и препораката на Агенција за пошти.– Настојуваме да ги следиме современите светски трендови во логистичкиот сектор, да го зголемиме иновативниот сектор и да го подигнеме нивото на квалитет на услуга со што би ги исполниле очекувањата на нашите клиенти.Наш нареден чекор ќе биде автоматизација на системот на сортирање како и воведување на електрични возила во ( Last mile) доставата, изјави Глумац.

Во Регистарот на Агенцијата за пошти се евидентирани 34 даватели на поштенски услуги, од кои 33 се со лиценци со општо овластување, покрај АД Пошта на Северна Македонија која е со индивидуална дозвола.

Битола Карго пакетомати пратки Скопје СМС
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.