Според изјавите на сведоците, хемиското оружје најверојатно го употребиле бунтовниците, а не војската на Башар Ал Асад, ја пренесува BBC, изјавата на главната инспекторка на ОН за Сирија Карла дел Понте.
Таа за една швајцарска телевизија кажала дека „има силни и конкретни сомнежи, но се уште без цврсти докази“ дека бунтовниците што се борат против режимот во Дамаск го употребиле нервниот гас сарин, иако токму тие го обвинуваат Башар Ал Асад дека употребил хемиско оружје за време на бомбардирањата.
Карла дел Понте истакнала дека експертите на ОН, кои престојуваат во Сирија за да утврдат дали имало употреба на хемиско оружје, се уште не нашле ниту еден доказ дека силите на сириската власт употребиле такво оружје, но додала дека истрагата мора да продолжи.
Експертите на ОН вчера јавија дека собрале „валидни“ материјали во врска со наводниот напад со хемиско оружје во близина на Дамаск, и покрај тоа што биле под снајперски оган.