Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами: Идејата на ДУИ за премиер Албанец е популистичка за ситни политички поени

0
By Нова ТВ on June 5, 2020 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Неуспесите на 18 години владеење на ДУИ не можат да бидат покриени со пуштање на „една рака муви“ за барање за премиер албанец кога се знае дека тоа е утврдено со закон за начинот на формирање на владите, напиша Билал Касами, лидер на Движењето „Беса“, како реакција на објавата на Али Ахмети кој, по повод 18 годишнината од основањето на ДУИ, рече дека е време за првиот премиер Албанец“.
„Идејата што ја изнесе ДУИ за премиер Албанец, во овие околности кога веќе имаме одредени списоци на кандидати за пратеник и паузиран изборен процес, ја сметаме за популистичка и само во корист на добивање ситни политички поени. Фрлањето на оваа идеја во овој момент повеќе како може да се толкува дека ДУИ ќе оди во опозиција и пред своите гласачи за да се оправда дека тие не добиле премиер од своите редови и мора да одат во опозиција“, истакна Касами на Фејсбук.
Според него, неспорно е дека Албанците во иднина може да имаат премиер во Северна Македонија, но тешко дека тоа ќе биде кадар на ДУИ се додека тие не се борат против криминалот и корупцијата во нивната партија.
„Албанците во Северна Македонија одамна се срамат да се идентификуваат со политиките и политичарите во рамките на ДУИ, кои газеа сè што е албанско за време на своите 18 години на власт.
Сонцето не може да се покрие со сито, исто како што неуспесите на ДУИ не можат да бидат покриени со само фрлање идеја за албанскиот премиер во временскиот контекст и политичкиот моментум во којшто се наоѓаме сега“, порача Касами.
Беса Билал Касами ДУИ Премиер Албанец
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.