Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Касами расчистува со кадрите на Теута Арифи

0
By Mirjana on May 12, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: МКД.мк
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, May 12, 2022 15:59

Општина Тетово  ја разреши директорката на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ Теута Лала, откако тоа го побарал Советот на училиштето. На овој  и ваков развој на настаните, му претходела ревизорска контрола на нејзиното работење која утврдила низа прекршоци кои предизвикале негативни финансиски импликации и нарушување на воспитно-образовниот процес. Информирајќи за  ова  Назми Даути, раководител на секторот за образование во општина Тетово, уште рекол дека во меѓувреме била покрената и тужба против директорката.

Алсат – М телевизија, која имала увид во ревизорскиот извештај, потврдува дека имало прекршувања и тоа по осум основи: реализација на некои градежни работи без важечки договор со фирмата, без формирање надзорна комисија за реализација на градежните работи и немање соодветна документација за реализација на овие градежни работи.

Од своја страна, директорката Лала, ја нарекла ревизијата селективна, најавувајќи и жалба. Според неа ревизорскиот извештај го опфаќал периодот само додека таа била директорка и дека со него не бил опфатен голем временски период и поради тоа смета дека ревизијата била селективна. Лала го обвини градоначалникот Касами дека превзел избрзани дејствија и поради тоа ќе преземела законски дејствија.

„Сметам дека решението кое што го добив од градоначалникот Касами е незаконско и ќе го обжалам. Ќе ги продолжам сите процедури за да се увиди дека извештајот е селективен кон мене и ќе сторам сѐ вистината да излезе на виделина“, изјавила разрешената директорка.

Како што јавуваат локалните медиуми, во тек биле неколку ревизии по останатите средни и основни училишта во Тетово. (М.Т.)

 

 

 

 

 

Касами ја разреши директоркта на тетовската гимназија Лала
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
shortcut
ФОКУС
June 20, 2026

Висока иранска делегација отпатува во Швајцарија на преговори со САД

ВЕСТИ June 20, 2026

Висока иранска делегација, предводена од претседателот на парламентот Мохамад Багер Галибаф, отпатува во Швајцарија на…

Американски и ирански претставници на преговори во Швајцарија

June 20, 2026

Израел и Хезболах договорија примирје

June 19, 2026

Откажани преговорите меѓу САД и Иран – Венс остана во Вашингтон

June 19, 2026
ТИКЕР

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026

Албин Курти со освоени 42,3 % од гласовите повторно во водство на изборите во Косово

June 7, 2026

Денеска пак избори во Косово – трети за годинаипол

June 7, 2026

Израелски проектил уби српски војник во Либан откако погоди база на ОН

June 4, 2026

Силен земјотрес го потресе јужниот дел на Италија

June 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.