Договорот меѓу Македонија и Грција ќе се потпише во Преспа, но на територијата на ПЈРМ, пишува денеска грчкиот весник „Катимерини“.
Според весникот, најверојатно потпишувањето ќе во биде недела – 17 јуни.
Неофицијално, според „Катимерини“, на потпишувањето, покрај медијаторот Метју Нимиц, ќе биде и првиот човек на НАТО Јенс Столтенберг.
Она што за сега со сигурност се знае е дека договорот ќе го потпишаат двајцата министри за надворешни работи, Никола Димитров и Никос Коѕијас, а на потпишувањето ќе присуствуваат и премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.
„Во Преспа, покрај премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас и шефовите на дипломатиите Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе биде и медијаторот од ОН, Метју Нимиц, а на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на ОН, Антонио Гутереш и шефицата на европската надворешна и безбедносна политика, Федерика Могерини“, објавија дел од грчките медиуми.
Дел од медиумите најавија дека на потпишувањето се очекува да бидат присутни и првиот човек на Обединетите Нации (ОН), Антонио Гутереш, и високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини.
За сега потврда за ваквата информација нема.




