Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катимерини: На масата е уште едно име поврзано со Крушево

0
By Нова ТВ on May 27, 2018 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Грчкиот весник Катимерини во електронското издание, повикувајќи се на добро информирани извори, пишува дека на преговарачка маса, освен четирите предлози на медијаторот метју Нимиц се наоѓа уште едно име, кое се уште не е објавено во јавноста, а се поврзува со Крушево.

Весникот, објаснувајќи ја местоположбата и историското значење на Крушшево, наведува дека овој предлог повторно се повикува на словенското наследство на соседната земја, со што се прекинува „антиката“ наметната од како што се наведува осудениот Никола Груевски.

Во текстот “Уште едно има на масата“ се вели дека по пропаднатиот обид да се договорат за предлогот Илинденска Македонија, Атина и Скопје продолжуваат да бараат едно име за севкупна употреба и буквално и метафорички, кое ќе биде трајно решение на повеќегодишниот спор.

Официјално, на масата се четирите предлози на медијаторот Нимиц, но весникот се сомнева дека токму имињата како Нова или Горна Македонија би можеле на крајот да бидат реални потенцијални решенија, имајќи предвид дека ПЈРМ ја отфрла можноста за ерга омнес, нешто на што инсистира Атина.

Дипломатски спринт

Сепак Катимерини смета дека во секој случај двете страни се во дипломатски спринт, што се очекува да биде засилен во пресрет на самитот на Европскиот совет на 28 јуни.

-До тогаш се очекуваат засилени напори на меѓународни политичари кои ќе притискаат за постигнување на решение што ќе биде постигнато во разумно време, пишува весникот и потсетува на покажаниот интерес од страна на САД преку потпретседателот Мајк Пенс и на Германија преку канцеларката Ангела Меркел. Исто така, весникот пишува дека по јавната дебата во врска со Илинденска Македонија, обете страни се согласиле на помала јавност, пред се поради тоа што јавните дебати кои постојано ги покренуваат прашањата за историска интерпретација, влијае врз самите преговори, кои како што се наведува, е во критична фаза.

Понатаму весникот пишува дека меѓународните контакти на преговарачите продолжуваат во следните денови. Коѕијас, според Катимерини, в понеделник е во Брисел, на средби со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика. веднаш потоа оди во Берлин, на средби со неговиот германски колега Хаико Маас и ќе биде примен од германскиот претседател Франк Валтер Штајнмаер.

Исто така и Никола Димитров во исто време ќе има средби на високо ниво.

Катимерини натаму објавува дека истовремено, продолжуваат контактите на различни нивоа, настрана од средббите на двајцата министри за надворешни работи, кои ја носат одговорноста во преговорите.

Весникот истакнува дека двајцата премиери Зоран Заев и Алексис Ципрас имаат добри односи и нивните соработници се во постојан контакт.

 

ново име преговори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Почит во Србија на 1.300 Македонци од Вардарскиот баталјон загинати во Првата светска војна кај Костолачка Коса

November 16, 2025

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.