Првата обвинителка на СЈО, Катица Јанева, со загриженост констатира дека сум истраги на СЈО висат, барајќи да се надмине оваа пречка. Тие истраги зависат од тоа како во новиот закон ќе биде решена актуелната одредба која утврдува дека СЈО има 18 месеци од преземање на предметите и материјалите за подигнување на обвиненија.
Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева на денешната дебата во МАНУ изнесе неколку поенти за иднината на СЈО- таа смета дека треба да израсне во силен орган на прогон, да биде трајно Обвинителство, организирано како сите обвинителства, со финансиска независност, со посебен буџет, како инНикој да не може да се меша во протокот на предмети, а шефот на СЈО да има мандат од пет години. Обвинителите, пак, да ги избира Советот на јавните обвинители, по претходно мислење од првиот човек на специјалното јавно обвинителство.
Ова накратко е замислата на Катица Јанева за тоа како СЈО треба да продолжи да функционира во иднина, за што и во обвинителството се подготвува нов Закон за СЈО.
Јанева истакна дека треба да се најде начин и каде ќе завршат бомбите:
-Предложивме до Министерството за правда да се формира тело кое ќе реши каде ќе се чуваат овие бомби, бидејќи предметите нема брзо да завршат. Еден ден тие ќе бидат историско богатство, истакна Јанева.




