Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Катица Јанева едногласно е разрешена од шеф на СЈО

0
By Нова ТВ on September 14, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Едногалсно без ниту еден глас против од присутните пратеници, Катица Јанева е разрешена од функцијата шеф на СЈО. За разрешувањето на Јанева гласаа 102 пратениици.

Јанева е разрешена за несовесно, незаконско и нестручно работење. Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе го достави Извештајот за разрешувањето на Јанева до Советот на јавни обвинители кој исто така треба да  констатира дека Јанева е сменета.

Таа е осомничена дека посредувала во Рекет односно дека му го олеснила статусот на осомничениот бизнисмен Јордан Камчев во случајот „Империја“ за што прибавила материјална корист. Јанева веќе 2о дена е во притвор во Шутка.

Со разрешувањето на Јанева, престанува мандатот и на останатите обвинители во СЈО. Претседателот на Советот на Обвинители за НОВА  рече дека не сака да ја прејудицира одлуката, но напомена дека во Законот пишува дека по зваршувањето на мандатот, обвинителите се враќаат во Обвинителствата каде што работеле пред СЈО.

Советот на обвинители го чека исходот со Јанева за да одлучи за обвинителите

Седницата за разрешување на Јанева траеше еден час и говореа само координаторите на пратеничките групи и Илија Димовски како претседател на Комисијата за избори по чиј предлог за разрешување одлучуваше Собранието.

Јован Митрески координаторот на СДСМ рече дека нема договор за новиот Закон за Јавно обвинителство затоа што ВМРО ДПМНЕ предводени од Мицкоски сакаат да запрат сите истраги на СЈО.

„На граѓаните им е јасно кој сака да го заштити криминалот и да нема истраги. Средбите за новиот Законот за обвинителство не успеваат затоа што СДСМ сака истрагите да продолжат, а ВМРО ДПМНЕ тие да запрат. Прифативме и опозицијата да предложи обвинител за да се продолжи со истрагите, но вие и тоа го одбивте.Прифатете го предлогот па да видиме  дали СДСМ стравува од Рекет или Мицкоски дејствува по диктат на менторот од Будимпешта“ рече Митревски.

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ Никола Мицевски кажа дека СДСМ ја закопала правдата.

„ Флоскулите правда, правдина, владеење на правото транспарентноста, право мора да има ги закопавте длабоко во земја. Постапките и штитењето на истрагите од Рекет ве прават соучесници во криминалот и целата оваа криминално обвинителска рекетарска афера. Самото тоа што во секој говор го спомнувате Христијан Мицкоски го покажува стравот од него и ВМРО-ДПМНЕ и од она што следува во наредниот период рече Мицевски.

 

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.