Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кацарска: Мицкоски нека спие мирно, кај мене нарачани пресуди нема

0
By Нова ТВ on March 19, 2019 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 19, 2019 21:54

Судијката Добрила Кацарска при вечерашаното гостување во емисија на „1ТВ“ вели дека замената на гаранциите на обвинетите за „27 април“ со притворска мерка не е преседан во македонското судство.

-Гаранциите биле во фаза кога се судеше предметот. Притворите се определени кога веќе се изречени казните затвор. Тука има разлика, вели Кацарска и додава дека не била само висината на казната, туку биле ценети и повеќе елементи.

Во врска со реакцијата на осудениот поранешен шеф на БЈБ Митко Чавков дека судот прелесно ги прифаќал белешките од МВР, конкретно за неговата вила на Халкидики, Кацарска вели дека не е член на Кривичниот совет, кој ја донел одлуката за притворот на Чавков.

За реакциите на ВМРО-ДПМНЕ дека Македонија е заробена држава во која е укинато владеењето на правото, односно „Кацарска судството“, „Русковска обвинителството“ и „заевизмот“, Кацарска изјави дека кога првпат ги слушнала од лидерот на партијата Христијан Мицкоски овие зборови, слатко се насмеала.

-Мицкоски како да сака да стави знак на равенство меѓу мојата и работата на некои судии од едно не така дамнешно време. Мицкоски е претседател и член на политичка партија. Можеби има сознанија дека некој некогаш нарачувал пресуди, но пред целата македонска јавност, достоинствено ќе кажам дека за безмалку 33 години судиски стаж, никој не се осмелил да ми каже каква пресуда да донесам. Бев судија во време што се нарекуваше едноумие, кога премиери беа Црвенковски, Георгиевски, Бучковски, Груевски и сега Заев. Никој од нив никогаш не се осмелил да ми се јави и да ми каже како да судам и каква пресуда да донесам. Можеби затоа сум сѐ уште судија на прв степен со докажана работа. Јас мирно спијам. И на Мицкоски ќе му порачам, нека спие мирно, кај мене нарачани пресуди нема, ниту имало, ниту ќе има, вели Кацарска.

Во врска со Законот за амнестија вели дека со него правдата не е до крај исполнета.

-Апсолутно се согласувам дека со донесувањето на Законот за амнестија, правдата е селективна и не е задоволена. Сепак, не можам да го прифатам тој термин како организатори затоа што има друг предмет кои треба да се работи, ќе видиме што се случувало, дали има дејствија кај овие што се сега осомничени. Тој закон е преуранет според мене. Се донесе во фаза кога ја завршивме доказната постапка можеби требаше да се причека да се донесе пресуда, па потоа да бидат некои од нив амнестирани, но сепак тоа е закон кој го донесе Собранието и јас како судија сум должна да го почитувам, истакна Кацарска.

Кацарска рече дека иако како судија е должна да ги почитува законите, како граѓанин не би сакала да бил донесен тој закон, но политичарите се тие кои одлучуваат какви закони носат.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.