Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кацарска: Не постои политичар кој може да ми каже како да одлучувам за некој предмет

0
By НОВА ТВ Balaban on June 15, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

За случајот 27 април се изнесуваат невистини. Критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика којашто не е заснована на факти, не допира до мене. Политиката кај мене нема влијание, рече денеска во претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска.

Таа пред почетокот на тркалезна маса во одговор на новинарско прашање околу изнесените критики од ВМРО-ДПМНЕ, дека за претседателка е избрана поради затворските пресуди кои ги донела за осудените во предметот за упадот во Собранието на 27 април, посочи дека станува збор за невистини поради кои се доведува во заблуда јавноста.

– Не може да стане збор за уставобранители луѓе кои влегле во Собранието, во Законодавниот дом, дом на демократија, да се тепаат пратеници, новинари, полиција, а од друга страна да гледаме претставници на полицијата во комплетна борбена опрема како лежат на фотелјите, се поздравуваат и гушкаат со маскирани лица, мислам дека на јавноста ѝ е доволно јасно, рече таа.

Кацарска додаде дека критиката од опозицијата е секојдневна, но ниту една нереална критика која што не е заснована на факти, не допира до неа.

– Политиката на мене не може да влијае. Нема земја во светот и нема политичар кој не сака да има влијание врз судството. Но, гарантирам и ви ветувам дека никогаш ниту еден политичар мене не може да ми каже како да работам, додаде Кацарска.

Во поглед на изборот на новите судии, Кацарска изјави дека не постои политичар кој може да ѝ се јави и да ѝ каже како да одлучува за некој предмет.

– Во мојата судска работа тоа сум го докажала. Кои судии ќе ги изберат политичарите, за тоа може да зборувате со претставници од политичките партии, се надевам и посакувам да изберат професионалци, чесни судии, на кои воопшто нема да им е битно кој е носител на иницијативата, која одредба се оспорува и слично. Уставниот суд заслужува да бидат избрани исклучиво луѓе професионалци, додаде Кацарска.

ВМРО-ДПМНЕ Добрила Кацарска политичар Случај „27 април“ судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
ФОКУС

Скопје: Протест „Марш за Ангелите“ – шест месеци од трагедијата во дискотеката во Кочани

ВЕСТИ September 16, 2025

Денеска се навршуваат шест месеци од трагедијата во дискотеката „Пулс” во Кочани, во која животот…

Шест месеци од трагедијата во Кочани – утре протест во Скопје

September 15, 2025

ЈО: По пожарот во Трубарево радијација не е измерена, контаминацијата е хемиска

September 14, 2025

Трамп до НАТО: Не ми го трошете времето – ќе воведам големи санкции за Русија кога сите ќе престанете да купувате нафта од неа

September 13, 2025
CIVICA
ТИКЕР

ИПСОС: Популарноста на Макрон на најниско ниво откако е на власт

September 15, 2025

Рајт: Нуклеарната програма на Иран треба целосно да биде прекината

September 15, 2025

Руска служба за надворешно разузнавање тврди: ЕУ подготвува „Мајдан“ во Србија

September 15, 2025

Контролирана експлозија уништи експлозив ставен пред хотел во Драч, Албанија

September 15, 2025

„Старлинк“ објави прекин на услугата на веб-страницата, илјадници корисници се погодени

September 15, 2025
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.