Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кацарска предлага правата и слободата да се заштитат со уставна тужба

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска денеска учествуваше на Охридската школа на природното право организирана од Центарот за стратегиски истражувања „Ксенте Богоев“ на МАНУ и поддржана од Амбасадата на САД во Скопје.

Кацарска зборуваше за потребата од воведување на уставна тужба како нов инструмент за заштита на слободите и правата пред Уставниот суд.

Таа порача дека улогата на Уставниот суд како гарант и заштитник на слободите, може единствено и целосно да се оствари ако се воведе нов инструмент – уставна тужба со амандманска интервенција во членот 110 алинеја 3 од Уставот со што ќе биде до крај остварена намерата на уставотворецот.

– Со воведувањето на уставната тужба ќе се овозможи заштита на сите уставни слободи и права од страна на Уставниот суд, наместо како што е сега да се однесува само на неколку изрично наведени. На овој начин, би се надминала сегашната парадоксална ситуација, кога се отфрлаат барања за заштита на уставни слободи и права кои не се опфатени со претходно цитираната одредба од член 110 алинеја 3 од Уставот, рече Кацарска.

Според неа, ваквата уставна интервенција ќе предуслови и интервенција во постојниот акт кој го уредува начинот на работа и постапката пред Уставниот суд каде детално би се уредила целокупната постапка по поднесена уставна тужба.

– На неодамнешната средба со државниот врв, го актуализирав прашањето за воведување на уставната тужба. Притоа, покрај дел од аргументите наведени погоре, наведов дека со воведувањето на уставната тужба, како држава би ги исполниле обврските што ги имаме како потписник на Протоколот бр.15 на Европската конвенција за заштита на слободите и правата за воспоставување на национален механизам на заштита на слободите и правата како последен филтер пред обраќањето до Европскиот суд, нагласи Кацарска.

Покрај правното интервенирање, ќе биде потребно Уставниот суд да биде организационо, административно и технички подготвен пред да се започне со постапување по уставните тужби за што ќе биде потребен одреден период на подготовка.

– Ова ќе бара ангажирање на дополнителни буџетски средства за потребите на Уставниот суд, но од друга страна, она што би се добило како нов квалитет во заштитата на уставните слободи и права, многукратно го надминува материјалното вложување, порача претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска во своето денешно излагање.

 

кацарска Уставен суд уставна тужба
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.