На 09.06.2022 во 05.45 часот во ОВР Кавадарци, В.М.(52) од Кавадарци пријавил дека, додека извршувал работи на неговиот лозов насад, пронашол стара експлозивна направа. Увид извршила екипа од Полициската станица Кавадарци, а од претставник на Дирекцијата за заштита и спасување експлозивната направа била безбедно подигната за понатамошна постапка.