Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кавга меѓу „браќата“ во ЕПП: Ковачев му рече на Мицкоски дека „лаже“

0
By Нова ТВ on November 29, 2020 ПОЛИТИКА
Христијан Мицкоски и Андреј Ковачев на една од нивните средби. Со нив е и Тимчо Муцунски
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Уште не беше пренесена во повеќето македонски медиуми изјавата на Христијан Мицкоски дадена денеска пред Владата, оти има „информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет“, се огласи европаратеникот од ГЕРБ, Андреј Ковачев, обвинувајќи го лидерот на ВМРО-ДПМНЕ дека лаже.

„Со своите лаги, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја уништува европската иднина на македонските граѓани. Мицкоски лаже. Тој манипулира и лаже со секој збор што го зборува. Мицкоски се обидува да заработи некои политички дивиденди со измислиците што ги зборува. Неговото тврдење дека Бугарија сака да ја распарчи Македонија, со што ги плаши граѓаните, е апсолутна лага, измислица и глупост“, рече Ковачев во изјава за агенцијата Бгнес.

И двајцата, Ковачев и Мицкоски, преку нивните партии се дел од големото семејство на десничарските партии во рамките на Европската народна партија (ЕПП). Непишано правило во семејството на ЕПП е „сестринските“ партии (во овој случај ГЕРБ и ВМРО-ДПМНЕ) политички да си помагаат.

Ковачев потсетува дека за време на конфликтот во 2001 година Бугарија стоела цврсто зад Македонија, поддржувајќи го нејзиниот територијален интегритет и суверенитет, а и дека била меѓу првите што го ратификуваше Протоколот за членство во НАТО.

Ковачев во изјавата вели дека Софија на никаков начин не го доведувала во прашање современиот македонски идентитет и „како луѓето таму денес го означуваат својот јазик“. „Единствено што сакаме е да се обединиме околу историската вистина, за да не нѐ разделува и да биде повод за омраза и поделба меѓу луѓето. Ова е длабоко европско барање, тоа е основа на Европската унија“, рече тој.

Според него, ништо не е изложено на ризик. „Во никој случај Бугарија не може да ги земе Гоце Делчев или Дамјан Груев од Македонија, зашто тоа е заедничка историја. Мицкоски директно се изјасни против договорите со Бугарија и Грција, да не се почитуваат. Тој се обидува да ја уништи европската иднина на македонските граѓани“, нагласи Ковачев.

Тој уште додава дека бидејќи „ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски е дел од Европската народна партија, не можеме да не го покренеме ова прашање заради неговите повици против Бугарија и да не се почитуваат договорите“. Ковачев е висок функционер во парламентарната група на ЕПП во Европскиот парламент, а е и потпретседател на Комитетот за надворешни работи.

Тој го обвинува Мицкоски и дека „продолжува со комунистичката идеологија и пропаганда на омраза кон Бугарија. Мицкоски продолжува да манипулира со историските факти, така што тие се насочени против бугарскиот народ, историјата и сè што е поврзано со Бугарија во Македонија. Ова е многу тажно и во никој случај не е во согласност со европските вредности. Тој не ги разбира европските вредности, јасно не разбира зошто Роберт Шуман и Жан Моне предложија обединување на нашиот континент по Втората светска војна, со цел да се надмине омразата, неединството и манипулациите, а не да се продолжи со нив. Вистината е спротивна на сè што рече Мицкоски. Омразата, лагата и неединството не се европски вредности“, реагира на говорот на Христијан Мицкоски европратеникот Андреј Ковачев.

 

извор: независен.мк

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
ФОКУС

Кијив: Во руските напади врз Запорожје едно лице загина и девет други се повредени

ВЕСТИ October 5, 2025

Во руските напади врз Запорожје, едно лице беше убиено, девет беа ранети, голем број куќи…

Родителите од Кочани до мицкоски: треба да се засрамиш, а не да одиш со крената глава

October 4, 2025

Кочани: Нов марш за Ангелите – Обвинителниот акт е непобитен доказ дека правдата не е на страна на жртвите туку на виновниците

October 4, 2025

Хамас се согласи да ги ослободи сите израелски заложници согласно планот на Трамп

October 4, 2025
ТИКЕР

Довербата во германската владина коалиција падна на рекордно ниско ниво

October 5, 2025

Турските власти го забранија концертот на Роби Вилијамс во Истанбул поради безбедносни причини

October 5, 2025

„Златна треска“ во приморкса Бугарија по веста дека поплавата однела сеф со милиони лева и со и златни прачки

October 5, 2025

Бугарската војска со специјализирана опрема помага во чистењето на поплавената населба Елените на крајбрежјето

October 5, 2025

Шведска: 14-годишник отворил оган и повредил најмалку шестмина

October 4, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.