Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Каволи: Со своето учество во НАТО, С. Македонија е пример за целиот регион

0
By Biljana on May 25, 2021 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Воената интеграција на Северна Македонија во НАТО се одвива според планот и се очекува да заврши до крајот на оваа година“, му посочила министерката за одбрана Радмила Шеќеринска на Командантот на силите на САД за Европа и Африка, генерал Кристофер Каволи кој е во работна посета на Република Северна Македонија. Таа се заблагодарила за ангажманот на инженериската единица на Армијата на САД во подготовката на полигонот Криволак за вежбата „Одлучен удар 21“ која деновиве се одвива на полигонот.

„Развојот на Криволак е заедничка цел, на која Армијата на Северна Македонија и Армијата на САД работат сојузнички“, рече министерката.

Членството на Северна Македонија во НАТО и отворањето на преговорите со Европската унија се од клучно значење за безбедноста и стабилноста во регионот, било потенцирано во разговорите.

На средбата, како што се посочува во соопштението, стана збор за важноста на развивањето на регионалната соработка меѓу сојузниците и за потребата од што побрзо разрешување на разликите во рамките на евро-атлантското семејство како дел од посветеноста на заедничката безбедност.

Од страна на генералот Каволи бил истакнат интензивниот интегративен прогрес кој го спроведува Армијата по полноправното членство во НАТО, притоа потенцирајќи дека тоа е резултат на одличната подготвеност и залагања на Армијата и Министерството.

„Со своето учество и придонес во НАТО мисиите и регионалната безбедност, Северна Македонија е пример за целиот регион“, оценил Каволи.

НАТО Радмила Шеќеринска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.