Дали Борис Стојменов повторно индиректно ја поседува Канал5 од позицијата на пратеник од владејачката коалиција? Ова прашање го постави пратеничката на СДСМ Билјана Казанџиска откако вчера НОВА објави документи дека синот и снаата на Борис Стојменов заедно со актуелниот директор на Канал5 телевизија Вања Гавриловски поседувааат фирма во оф-шор државата Панама.
-Господине министер, додека се занимававте со мене и зборувавте за судир на интереси, замислете уште еден коалиционен партнер, ама пратеник до ден денес во Собранието на Република Македонија, а тогаш министер за финансии, си оформил фирма во Панама, која е регистрирана на 9 септември 1999 година, кога Борис Стојменов, тогашен сопственик на Канал 5 бил министер за финансии и дел од тогашната Влада.
-Истиот тој Борис Стојменов му ја продаде телевизијата на Вања Гавриловски за да нема конфликт на интереси. Се што не можете да купите со малку пари купувате со многу пари. Којзнае колку милиони евра тежи оваа фирма на вашиот коалиционен партнер, пратеник, поранешен сопственик и се уште индиректен сопственик преку оваа фирма, рече Казанџиска од парламентарната говорница.
Истражувањето за Македонците кои поседуваат фирми во оф шор државата Панама или таканаречените даночни раеви за НОВА кое го работеа Борис Георгиевски и Сашка Цветковска. Целото истражување прочитајте го на овој линк.




