Саше Ивановски Политико ќе треба да плати 300 евра казна за случувањата во Пржино, кога беше физички нападнат од новинарот на Сител, Александар Спасовски.
Во полициската станица во Кисела Вода, Ивановски синоќа бил повикан за да му соопштат дека МВР одлучило да го казнат со 300 евра за предизвикување тепачка, објавиЛибертас.
– Замислете, ем бев натепан, се виде од снимката, и сега да платам уште и казна. Инспекторот ми рече дека новинарот на Сител однел петмина сведоци од инцидентот пред резиденцијата на амбасадорот Орав. Ако е за утеха, како што го разбрав инспекторот, иста парична казна ќе добиел и Сарма. Јас и мојот адвокат ќе поднесеме тужба против новинарот на Сител и ќе барам отштета за претрпен стрес и болка, вели сопственикот и уредник на Мактел.
Инцидентот се случи ноќта, еден час пред да биде потпишан договорот во Пржино на 15.07.2015.




