Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Казна за Прилепчанецот кој лежеше на улица

0
By Нова ТВ on June 8, 2014 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, June 8, 2014 15:23

Не само што нема да може да ја подигне својата пензија, туку Јордан Настески, човекот кој легнувајќи на улица пред општинската зграда во Прилеп го сврти вниманието на јавноста, сега ќе мора да плати казна за недолично однесување во висина од 100 евра.

Настески е револтиран од односот на полицијата, која откако интервенирала и го отстранила од улицата каде Јордан лежеше во знак на револт против блокираната сметка, четири часа го држела во Полициската станица во Прилеп.

„Ме однесоа во станицата, од 12 до 16 часот таму ме држеа. Ме внесоа во една канцеларија, му кажав како е работата. Ми велат, не смееш ред и мир да нарушуваш. Му велам, јас сакав самоубиство да извршам а не протест да правам. Имаш ти пари да му однесиш на децата леб дома? Јас немам, не можам да си одам дома“, вели пензионерот од село Галичани, Јордан Настески.

Како што вели, најмногу го изреволтирало тоа што кога побарал прием кај прилепскиот градоначалник Марјан Ристески, го излагале и му рекле дека не бил дојден.

„Гледам во моментот по скалите слегуваат татко му на Марјан и еден друг. Таман тие заминаа, еве ги 5-6 жени и еден маж влегоа и ги праша една од вработените каде ќе одат, рекоа ќе оделе да се видат со градоначалникот. Се качија горе кај него, никој не ги запре. Тогаш се налутив, крвта во мене зовре“, раскажува Настески.

„Кога излегов надвор, калдисав. Се собраа многу луѓе, ми нудеа пари да му однесам на децата. Три внуки имам, двете учат, гревовите не му се гледаат. Син ми е некоја операција направен, јас неспособен, две операции од карцином, жена ми од задув страда, немам пари за лекови. Дојде полиција, ме прашаа кај ќе одам, му реков ќе легнам онде на џаде, нека ме исцапаат поарно, да не ги гледам дома гревовите на децата“, вели Настески.

Седмочленото семејство Настески од прилепското село Галичани живее од пензијата на Јордан. Во неговите 70 години, Јордан никогаш немал проблеми ниту со полиција, ниту со суд. Заради неплатен данок од 5.000 денари, УЈП му ја блокирала сметката, па сега не можи да ја земи пензијата, по што семејството останало, како што вели, без скршен денар.

Соочен со сиромаштијата, Јордан бил принуден семејството да го преранува така што цел месец земал леб на вересија од соседното Кадино Село. Вели дека од срам, никогаш не побарал помош ниту од роднини или пријатели, ниту пак од државата.

Сега, за прв пат, помошта за Јован и неговото семејство стигна од Организацијата за демократска реакција и асоцијација на здруженија ОДРАЗ, која на Јордан ќе му ја плати казната и ќе му помогне со финансиски средства во висина на неговата пензија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.