Казнети се 474 возачи во рамки на спроведената зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Од нив, 74 возилa се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното.
Како што информираа денеска од МВР, 13 возилa се движелe со дури над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 161 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 313 надвор од населено место.
Најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.