Мобилната единица за безбедност во сообраќајот во текот на вчерашниот ден, во период од 14 до 20 часот спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната, на автопатот Куманово-Скопје-Велес. Министерството за внатрешни работи информира дека се санкционирани 93 возачи.
Од вкупниот број санкционирани возачи, МВР соопшти дека 15 возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а еден со дури над 70 километри на час над дозволеното.
Од Министерството информираат дека засилените сообраќајни контроли продолжуваат во наредните денови и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите со цел побезбеден сообраќај.