По укажување на граѓани за бучава од гласна музика, општина Центар спровела инспекциски надзор во ноќните часови во угостителските објекти Џуси бар, Бастион, Локал 45 и Радио Бар, лоцирани на улиците „Ленинова„  и „Пиринска“, Колектив Бар на Плоштад „Македонија“ и Нола бар во Капиштец.

По извршените мерења од овластена лабораторија за животна средина, биле добиени  извештаи за надминување на дозволеното ниво на бучава.

На четири од локалите им била изречена казна во вредност од 300 – 500 евра . Доколку глобата се плати во рок од 8 дена вредноста се намалува за половина.

За два од објектите, постапката е во тек, бидејќи се чека да поднесат годишни сметки според кои ќе се одмери казната.

Општина Центар апелира до граѓаните да пријават гласна музика, и вознемирување во Полициската станица Центар, под чија надлежност е нарушување на јавниот ред и мир.

Општина Центар соопштува дека заедно со МВР ќе преземат континуирани и редовни контроли.