Дефинитивно во моментов се случува втор бран од коронавирусот. Во јавноста веќе неколку дена се шпекулира и за нов, трет бран, на почетокот на идната година, а исто беше и предвидувањето од СЗО. Кога и колку вакцини ќе пристигнат во Македонија? Како министерот Филипче го коментира тоа што Македонија е на 8 место по починати лица во светот на милион жители и како да се спречи луѓето да купуваат лекови и формираат домашни аптеки без тоа да е препишано од докторите. Награда за сите медицински работници кои работат со пациенти со коронавирус.
Погледнете ја дебатата со Борјан Јовановски каде гости во КликПлус на ТВ21 беа министерот за здравство Венко Филипче, докторите Дејан Докиќ и Милена Стевановиќ како и координаторите на медицинскиот персонал Сабри Азири и Габриела Темелковска.