Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе може да се гласа со истечена лична карта

0
By НОВА ТВ on September 23, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државната изборна комисија денеска ја одржа 26. седница на која едногласно беше усвоено Предлог-упатството за начинот на утврдување на идентитетот на гласачот, кое произлегло од новите измени на Изборниот законик.

– Една од измените е дека граѓаните можат да гласаат со истечена лична карта, која им е истечена од денот на распишување до денот на одржување на изборите, рече потпретседателката на ДИК, Дитмире Шеху.

Втората измена, како што појасни таа, е дека граѓаните ќе можат да гласаат со патни исправи, но според измените на Законот за патни исправи, важноста на патната исправа ќе се смета со рок на важност од 31 јули 2020 до 31 декември 2021 година

– Третата измена е по препорака на ОБСЕ, која и пратениците ја прифатија, а се однесува на тоа граѓаните кои не се во Избирачкиот список, а ги исполнуваат условите да гласаат на денот на изборите по добивање решение од ДИК, по поднесен приговор за заштита на личното изборачко право и откако Општинската изборна комисија ќе утврди дека граѓанинот ги исполнува условите, дента да биде запишан во Избирачкиот спискок или по добивање пресуда од Управниот суд, дента на тие граѓани ќе им се дозволи да гласаат и Избирачкиот одбор со добиени копиии од решението ќе ги запише во Избирачкиот список и ќе им овозможи да гласаат, рече Шеху.

Според членот на ДИК, Борис Кондарко, бидејќи главните дејствија се поврзани со утврдување на идентитетот на гласачот со воведувањето на новиот начин на идентификација на граѓаните со отпечаток на прст, главната работа се базира околу употребна и управување со уредот на избирачкото место од страна на претседателот на Избирачкиот одбор или неговиот заменик, кои ќе имаат посебни идентификациски смарт картички и единствено тие ќе бидат овластени за управување со уредот за биометриска идентификација.

– Заради поголема заштита на процесот и поголема сигурност и транспарентност со ова Предлог-упатство се предвидува претседателот на Избирачкиот одбор и неговиот заменик да бидат присутни за време на целиот ден на гласањето, особено пред отворањето на гласачките места и по завршувањето на гласањето и утврдувањето на резултатите од гласањето, со меѓусебен договор за редовни паузи во текот на денот, рече Кондарко.

Ова е новина, како што додаде, која произлегува од потребата од новиот начин на идентификација на гасачите и ќе биде посебно применета на обуките кои се прават на целата изборна администрација во однос на целата постапка на гласањето.

Членовите на ДИК на седницата едногласно ги усвоија Предлог-прирачникот за едукација на Општинските изборни комисии и Предлог-прирачникот за едукација на избирачките одбори.

На денешната седница едногласно беа усвоени и измените на Регистарот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиум (интернет портали), а беше усвоено и барањето за пет набљудувачи на Меѓународната фондација за изборни системи ИФЕС – Канцеларија во Северна Македонија.

Дик лична карта локални избори
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.