Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе пренамениме дел од буџетските средства на МОН за да ги зголемиме платите кои ги бара СОНК, вели Шаќири

0
By Biljana on April 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Штрајкот не смее да биде прв чекор на синдикална борба, не може да почнете преговори со такво условување, порача министерот за образование и наука Јетон Шаќири во гостувањето во „Програма 200“ на телевизијата „Алсат-М“.

„Да мислевме дека платите не треба да се зголемат, ќе се спротивставевме уште на првите средби со СОНК, и ќе ги прекиневме преговорите. Но, тоа не го направивме. На секоја средба истакнувавме дека треба да се види секоја добра можност за да се зголемат. Но, изминатите две години имавме здравствена криза, и сите знаеме како функционираше образовниот систем во таа ситуација. И синдикатот и јас знаеме дека се боревме за опстанок, само да го заштитиме здравјето“, рече Шаќири.

Тој појасни дека се прават буџетски анализи за што побрзо да се одговори на барањето на СОНК и да се види колку нajмногу може да се исполни и кој е најсоодветен модел.

„Ме радува што се зголеми минималната плата. Ова го поздрави и опозицијата. Ме радува фактот што расте и просечната плата. Ова се позитивни показатели на економскиот развој. Но, ние ќе постигнеме успех кога овие два показатели, минимална и просечна плата ќе може да се усогласуваат и со платите во образованието“, посочи министерот.

Според него, со измените на Законот за минимална плата сите што добиваат под минималната плата, треба да се израмнат со минималната плата. Второ, по усвојување на минималната плата, во рок од 6 месеци, треба да се усогласат сите плати. Ние ова го правиме побрзо, дискутираме и ја гледаме секоја можност.

Затоа, рече Шаќири, велам дека имаме разбирање и уште од првото синдикално барање ние сериозно се нафативме со решавање на предизвикот.

„Нашиот ангажман е ова да биде што поскоро реално. Кога велам реално, тоа зависи од буџетските средства што ни се во располагање. Бараме системско решение. Ако минималната плата во 2023 година биде да речеме 20 илјади денари, според тоа решение да се зголемуваат платите. Мене ме радува што зборуваме за зголемување на платите. Да не се враќаме на претходниот период, пред 10 или 15 години, какви биле условите и можностите. Ние дискутираме за оваа можност во наредниот период“, дециден беше Шаќири.

актуелно македонија. шаќири образование штрајк
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.