Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе присуствува ли и Стоилковиќ на средбата помеѓу Мицкоски и Курти?

0
By Ана Василевска on August 4, 2024 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Утре ќе биде првата официјална средба на македонскиот премиер Христијан Мицкоски, на која што ќе се сретне со неговиот косовски колега, Албин Курти. Во најавата за оваа средба медиумите објавија дека на средбата на премиерите на Северна Македонија и Косово ќе присуствуваат и членови на македонската Влада од редовите на каолицијата Вреди, но не е јасно дали на пречекот на косовскиот премиер ќе биде и заменик претседател на Владата и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоиљковиќ, пишува „Рацин.мк“.

Ова прашање ќе остане отворено, особено откако денеска од Косово стигна веста дека косовската полиција уапсила петмина Срби на Косово за наводми злосторства врз албанско население на што реагирала Канцеларијата на владата на Србија за Косово од каде што го обвинуваат премиерот на Косово дека врши терор над српското население.

Поради тоа, Стоилковиќ е некомпатибилен во односите меѓу ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Курти и тоа само ќе биде пречка во пеглањето на овие односи, кои, всушност, и ја обезбедија позицијата на Мицкоски да може да ја преземе Илинденска бр. 2.

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски никогаш директно не ја осудија приватната посета на Курти на Тетово и во Скопје, во Општина Чаир, кога се вееја големоалбански знамиња и кога, вусшност, беше јасно дека таа посета е силна поддршка и промоција на коалицијата на партиите на Албанците во Македонија во пресрет на изборите 2024 година.

Курти беше меѓу првите што му ја честиташе победбата на Мицкоски на изборите. „Со нетрпение очекувам да работам со вас за натамошно подобрување на нашите веќе цврсти билатерални односи“, му напиша Курти на Мицкоски.

И зошто сега да си ги расипуваат односите кога Мицкоски го доби она што тешко може да се одбие: Сојузништво со партиите на Албанците под влијание на косовскиот премиер Курти за победа на изборите, пишува „Рацин.мк“.

Косово Средба Мицкоски-Курти
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Пукотници на универзитет во Пенсилванија: Една жртва и шест повредени

October 26, 2025

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.