Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се бришат камати, долгови ќе се отплаќаат на 12 рати

0
By Нова ТВ on January 29, 2021 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Државата повторно ќе им олеснува на должниците. Премиерот Зоран Заев го најави петтиот пакет мерки кој е наменет за најсиромашните, пишува Дојче веле.

Во екот на пандемијата, која нанесе големи штети и врз економијата, но и врз животниот стандард на граѓаните, државата најавува нови мерки со кои ќе го олеснува исплаќањето на долговите на најсиромашните. Во план е бришење на сите камати што граѓаните ги имаат кон државните и кон општинските институции за долгови постари од три месеци под услов на 12 рати да го плаќаа долгот којшто го имаат. Ова е само една од мерките кои што ги најави премиерот Зоран Заев во Собранието, одговарајќи на пратенички прашања. Тој обелодени дел од мерките коишто се предвидуваат со петтиот пакет за поддршка на граѓаните, на работниците, на стопанството и на економијата.

Бришење на каматите

Една од мерките е бришење на сите камати што граѓаните ги имаат кон државните и кон општинските институции за долгови постари од три месеци под услов да го регулираат долгот што го имаат на 12 рати. Станува збор за долгови за вода, парно, даноци кон државата, кон станбените претпријатија, кон водостопански претпријатија…. „Целта ни е не веднаш да го вратат долгот, туку да склучат договори на 12 рати, тоа веројатно ќе го доразработиме со ратите, но и комплетно да ги избришеме каматите“, вели премиерот. Намерата е да ги избришат сите камати за долговите кои се за физичките лица, што според Заев, со законско решение ќе биде возможно.

„Имаме многу јавни претпријатија, државни и општински, коишто не може да ги наплатат и редовните сметки, заради тоа што ги книжат граѓаните како должници, а граѓаните не може и стари и нови сметки да плаќаат. Оттука намерата е да ги избришеме сите камати за долговите коишто се за физички лица, за граѓаните кои допираат до државните и општинските институции“, објаснува премиерот.
По почетокот на пандемијата, Владата им помагаше на невработени лица, на оние со приходи до 15.000 денари, на примателите на социјална помош и многу други категории на сиромашни граѓани. Во последната фаза или 4 пакет мерки помош им беше доделена на пензионерите, на самохраните родители, на пасивните баратели на работа.

Многу иницијативи, уште повеќе долгови

Ова не е првпат државата да носи мерки со кои ќе им олесни на должниците. Во неколку наврати беше најавувано дека долговите кои граѓаните ги имаат кон државата за услуги од јавните претпријатија забрзано ќе се репрограмираат, а каматите за определен период ќе се избришат за да се олесни состојбата на должниците. Беше покрената и иницијатива за еднократно отпишување на долговите на граѓаните од социјално ранливите категории.

Владата предложи и закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на физички лица, и за измени и дополнувања на Законот за извршување, со кои за сите предмети дадени за извршување до крајот на 2017 година, се предлагаше отпишување на сите камати на граѓаните-должници кон јавни и државни претпријатија, или државни органи и установи. На сите приватните доверители им беше предложено доброволно да ги избришат каматите на долговите на граѓаните. Со законските измени беше предвидено и репрограмирање на долгот, односно плаќањето на главниот долг да биде на рати. Колку е поголем долгот – толку ќе се зголемува рокот на отплата, односно ќе се исплаќа на повеќе рати.

Не по своја вина, граѓаните, особено социјално ранливите – се соочија со камати кои повеќекратно го надминуваат основниот долг за кој и онака имаат потешкотии да го исплатат. Ова ја направи отплатата на долгот уште потешка, и во голем број случаи го загрози нивното достоинство.

Со предлог-законот во 2018 година се предвидуваше да се отпишат камати за долгови направени до јуни 2011 година, бидејќи тогаш од судовите кај нотарите и извршителите завршија околу 200 илјади предмети. До ова дојде кога стапи во сила трансферот на извршната функција од редовните судови на овластените извршители.

Владата во екот на пандемијата, исто така, го суспендираше односно запре Законот за извршување во период од неколку месеци. Извршителите мораа да запрат со преземање какви било извршни дејствија. Работодавците на должниците и носителите на платен промет беа должни да запрат со постапување по издадени налози од страна на извршителите.

Меѓу мерките со кои беше планирано да им се олесни на должниците, беше и одлуката за одложување на кредитите кај банките за 3 до 6 месеци. Банките им понудија на правните лица поповолни услови како што се пролонгирање на отплатите, репрограмирање, грејс период, поповолна каматна стапка и слично, додека на физичките лица им ги одложија отплатите на ратите на 3 до 6 месеци.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
ФОКУС

Блокатата на „ИПАРД 3“ е удар брз земјоделството и врз репутацијата на земјата

ВЕСТИ November 10, 2025

„ИПАРД 3 е програма за периодот 2021–2027, чија цел е модернизација на земјоделството, развој на…

36 години од падот на Берлинскиот ѕид

November 10, 2025

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

November 9, 2025

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025
ТИКЕР

Претседателот на Одборот на Би-Би-Си официјално се извини за монтажа на говор на Трамп; американскиот претседател најави правни дејствија

November 10, 2025

Јапонија погодена од земјотрес со јачина од 6,8 степени, издадено предупредување за цунами

November 9, 2025

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.