Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се гради првиот приватен ветерен парк во земјава, инвестирани 61 милион евра

0
By НОВА ТВ on July 7, 2021 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во земјава ќе се гради првиот приватен ветерен парк во близина на светиниколското село, Богословец. Тоа е домашна инвестиција вредна 61 милион евра. Ветерниот парк се очекува да проработе во 2025 година, а во наредните 25 години да се овозможи зелена енергија за околи 20 000 домаќинства во земајва.

– Овој проект е исклучителен  придонес кон пренасочувањери на нашето национално производство на електрична енергија кон обновливи избори и надополнување на електричното произвдоство приклучено на државниот оператор. Ветропаркот Богословец со предвидените осум турбини и моќност од 36 мегавати ќе го удвои постојниот ветерен капаците во земјата и ќе придонесе кон намалување на CО2 емисите од над 87 000 тони годишно, рече премиерот Зоран Заев на свеченоста по повод стартот на инвестицијата.

Министерот за економија Крешник Бектеши изјави дека со ветерната електрана „Богословец“ ќе се зголеми учеството на енергетиката произведена од ветерни електроцентрали во државата за дополнителни 36 мегавати.

– Ова нека биде пример за сите наши стопанственици – домашни, но секако и странските кои се повеќе од добредојдени да инвестираат во нашата држава за да ја користат можноста да инвестираат во обновливите извори на енергија во нашата држава бидејќи нашите закони тоа веќе го овозможуваат, нашата определба како Влада, како Министерство, како други институции кои се вклучени тоа го овозможуваат на транспарентен, конкурентен и отворен начин каде сите ќе бидат еднакви, рече министерот за економија Крешник Бектеши.

Владата ја одобри изградба на ветерниот парк на барање на „Тор Импекс“, проектна компанија што го развива проектот за „Богословец“. „Siemens Gamesa“ ќе произведува и ќе инсталира осум ветерни турбини на локацијата. Напојувани од ротори со дијаметар од 145 метри со висина на јарбол од 102,5 метри, овие турбини ќе имаат вкупен капацитет од 36 MW откако ќе се активираат. Проектот „Богословец“ треба да придонесе за  поставените цели на државата да го пренасочи национално производство на електрична енергија, во кое сè уште доминира кафен јаглен (лигнит), кон зелени извори. Државата сака да го зголеми за повеќе од 50 проценти својот национален обновлив капацитет до 2024 година, што доведува до дополнителни 400 MW и 160 MW соларна и ветерна енергија.

ветерен парк енергија инвестиција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
ФОКУС

Скопје: Без збор – со мисла / 12:05 Ангелите со скопјани / протестен марш / 15 ноември 2025

ВЕСТИ November 15, 2025

Скопје: Без збор – со мисла /сабота, 15 ноември 2025

„Дојдете и бидете со нас“ повикаа родителите на настраданите во кочанската трагедија – Марш за Ангелите денеска во Скопје / Плоштад Македонија 12:05

November 15, 2025

Маршот на Ангелите утре во Скопје во 12:05 – родителите ги повикаа скопјани да им се придружат

November 14, 2025

Судиите до Мицкоски: Господине Премиер, ја поминавте границата на пристојност

November 14, 2025
ТИКЕР

Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати отштета од една до пет милијарди долари

November 15, 2025

Автомобил удри во група луѓе – има повредени

November 14, 2025

Бугарија: Родителите на деца под 12 години ќе имаат скратено работно време или ќе можат да работат од далечина за време на летниот распуст

November 13, 2025

Мелони: Центрите за мигранти во Албанија наскоро ќе почнат со работа

November 13, 2025

Дијана Хрка одбива да се откаже од штрајкот со глад

November 12, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.