НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ќе се проверува како се водел предметот„Насилство во Центар“ – ако има одговорност ќе се извести Советот

0
By Нова ТВ on October 18, 2019 ВЕСТИ
Архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Судот ќе ги разгледа критиките за начинот на кој бил воден случајот „Насилство во Центар“ и доколку утврди дека критиките се основани веднаш ќе преземе соодветни мерки и ќе го извести Судскиот совет – одговорија од Судот на писмените прашања од НОВА за пролонгирањето на судскиот процес кој трае 3 години, а оваа недела почна од почеток.

„Што се однесува до критиките упатени до начинот на водење на постапката во конкретниот предмет кои беа лиферувани во јавноста, Судот со сериозност ги разгледува и доколку се утврди дека критиките се основани веднаш ќе преземе соодветни мерки и ќе го извести Судскиот совет се со цел доследно почитување на Законските одредби и правата и обврските на странките во постапката како и јавниот интерес за предметот“, пишува во одговорот од Судот.

Од таму додаваат дека во предвид треба да се земат и останатите околности кои не се по вина на Судот – „предлозите и барањата на странките како и обемниот доказен материјал предложен во предметот кој треба да биде изведен и кои исто така, придонесуваат за времетраењето на постапката“.

Судењето за „Насилството во Центар“ оваа недела почна од почеток откако поминаа 90 дена од последното рочиште. Судењата за овој предмет се влечат речиси три години. Во 2016 предметот беше кај судијката Татјана Михајлова, а подоцна прераспределен кај судијата Душан Јосифов кој го почна судењето од почеток по преземањето на предметот. За „Шамари во Центар“ обвинети се повеќе лица, меѓу кои поранешниот премиер Никола Груевски кој е во бегство во Унгарија, екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и уште 12 лица.

Од Судот укажуваат дека во ваков случај кога судечкиот совет не е променет,  исказите на сведоците се читаат на записник, без нивно повикување па во таа смила судот не очекува ново одолговлекување заради овие причини.

„Насилство во Центар“ нема да има завршница ниту годинава.

Овој предмет е со најдолго времетраење, започна на 16 декември 2016 година и се уште трае. Судијата Јосифов го презеде предметот на 16 јануари 2018 година, но поради бавната динамика на закажување на рочишта и честите одложувања, случајот не се очекува да има завршница ниту годинава.

Од Судот велат дека  досега биле закажани вкупно 34 продолженија на главната расправа од кои 20 се
одржале, а 12 се одложени.

Архива

„Најчеста причина за одложување на расправите е заради отсуство на некој од обвинетите, па заради тоа и постапката за двајца од обвинетите е раздвоена. Дополнително, на дел од одложените расправи, не бил спроведен еден од обвинетите кој се наоѓа во куќен притвор, иако за спроведувањето судот издал
уредна наредба.

Последните три расправи беа одложени со оглед дека предметот од СЈО беше преземен од Јавното обвинителство, а потоа беше доставен на разгледување во Судскиот совет по нивно
барање, па заради истек на 90 дена на минатата расправа, судењето почна од почеток“ коментираат од Судот за причините за одложување на процесот.

Од невладината организација „Сите за правично судење“ која редовно ги следи судските рочишта, наведуваат дека за конкретниот предмет „најчестите причина за одлагање се поради отсуство на обвинетите на рочиштата, но и поради бавното изведување на доказите односно исказите на сведоците од страна на судот“.

„Долг временски период во овој предмет отсуствуваше по некое од обвинетите лица, при што беше оневозможено постапката непречено да се одвива, а на ова се надоврзуваа и здравствени состојби на обвинетите кои беа оправдувани со медицинска документација. Не ретко отсуствуваа и бранителите на обвинетите поради преклопување на предмети – исти обвинети или бранители, имаа по неколку предмети на дневниот распоред во исто време, па физички беше невозможно да присуствуваат или да дадат одбрана. Меѓутоа, не би испуштиле да го нотираме и интензитетот на водење на постапката, односно бавноста при изведување на доказите, особено во поглед на изведување на доказите во формат на искази на сведоци и нивното сослушување. Во голем дел од закажаните рочишта за главна расправа, сослушуван беше по еден сведок, што само дополнително креираше пречка во оптималното финализирање на постапките, согласно досегашната пракса за овој вид на предмети, но и интензитетот на закажување на самите рочишта отстапуваше од оној на останатите предмети застапувани од СЈО, коментираат за НОВА од невладината организација „Сите за правично судење“.

Кога застарува предметот„ Насилството во Центар“

Од Судот велат дека, според проверките, случајот „Насилство во Центар“  застарува во јуни 2023 година, а од Коалицијата „Сите за правично судење“ наведуваат дека лоцирале грешка која се уште не е исправена од страна на Јавното обвинителство.

„Неопходно е да констатираме дека во овој предмет од наша страна е лоцирана една грешка која што сѐ уште не е исправена од страна на Јавното обвинителство.  Имено, квалификацијата за делото во обвинителниот акт упатува на кривично дело од став 2 на членот 386 од КЗ, а впрочем се работи за став 3 од истиот. Ова го увидовме при поднесување на обвинението, но и во досегашното постапување по предметот. Со оглед на фактот дека до овој момент, колку што нам ни е познато, немало преквалификација на делото, останува да видиме дали истата ќе биде извршена во завршните зборови на Обвинителството.

Ова го посочуваме од причина што доколку се работи за став 2 делото е веќе застарено (застареност настапува на 01.06.2019), додека, пак, ако е во прашање ставот 3, делото застарува на 01.06.2023 година. Меѓутоа, имајќи ја во предвид досегашната пракса на постапување на обвинителите – да ги преквалификуваат и прецизираат обвиненијата, веруваме дека тоа ќе го сторат во самите завршни зборови“, пишува во одговорот од невладината организација „Сите за правично судење“.

За  „Насилство во општина Центар“, е поднесен обвинителен акт за кривичното дело „Насилство“ од член 386 став 2, а во врска со став 1. Во став 1 и 2 член 386 од Законот пишува дека:

(1) Тој што друг малтретира, грубо навредува, ја загрозува неговата сигурност или врз него врши грубо насилство и со тоа во јавноста предизвикува чувство на несигурност, загрозување или страв, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.
(2) Ако делото е извршено во група од две или повеќе лица или насилството е извршено над повеќе граѓани или сторителот телесно повредил друг, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години.

Овој предмет се најде и во Првиот преоден Извештај на ОБСЕ за активностите и предметите во надлежност на СЈО, во кој се анализира и можната застареност на случаите на СЈО.  ОБСЕ заклучува дека најверојатно некои судски постапки за предметите на СЈО нема да завршат со конечна пресуда пред да настапи апсолутна застареност.

Во Извештајот во делот за обвиненија кои може да застарат, се наведени „Тенк“ за делото на Груевски, кое ќе застареше на 31 октомври 2018, доколку немаше пресуда. Втор случај е „Траекторија“ за кој се уште нема пресуда, а обвинението за Груевски застарува сега на 31 октомври. И трет е случaјот „Насилство во Центар“, за кој во извештајот на ОБСЕ пишува дека на Груевски и на останатите обвинети, делото им застарува на 10 јуни 2019.

„Обвинетите се товарат за кривичното дело насилство казниво со затворска казна од три месеци до три години согласно член 386(2)(1) од Кривичниот законик. Протестот се случи на 7 и 10 јуни 2013 година. Врз основа на последниот датум на извршување на кривичното дело, 10 јуни 2013 година, апсолутна застареност ќе настапи по 6 години, односно на 10 јуни 2019 година“, пишува во Извештајот на ОБСЕ.

Адвокатот Јанаки Митровски вели дека делото застарува   на 1 јуни 2023 година „кога ќе измине законски предвидениот рок за прогон на кривичното дело, односно ќе настапи апсолутна застареност, бидејки на обвинетите се товарат дека го сториле делото на 01.06.2013 година, а Кривичниот Законик за делото „Насилство“ по член 386 став 2 предвидел казна затвор од шест месеци до пет години.

Продолжението на судењето за „Насилството во Центар“ е закажано за наредниот месец, на 18 ноември.

 

Коалиција Сите за правично судење Нсилство во Центар Суд
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести

August 27, 2025

Данска и Гренланд се извинија за присилната контрацепција на Инуитите

August 27, 2025

УНИЦЕФ: Ел Фашер во Северен Дарфур е „епицентар на детското страдање“

August 27, 2025

„СпејсИкс“ ја лансираше ракетата „Супер Хеви-Старшип“ на пробен лет

August 27, 2025

Абдиџику: Изборот на Баша за претседател на косовскиот Парламент е победа на незнаењето

August 26, 2025
ФОКУС

Израелската војска уби новинари засолнети во болница во Газа

ВЕСТИ August 25, 2025

Најмалку 15 лица, вклучувајќи четворица новинари, беа убиени денес во израелските напади врз болницата „Насер“…

Кијив: Украина денеска ја одбележува својата независност

August 24, 2025

Украински напад со беспилотни летала врз Санкт Петербург

August 24, 2025

Пекинг: Кина е подготвена да испрати војници во Украина, но само под мандат на ОН

August 24, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.