Јове Кекеновски, кој ја поднесе својата кандидатура за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ бара раководството на партијта да се изјасни кој стои зад подготвената кандидатура на Ѓорге Иванов.
.jpg)
„На интернет страниците кружат линкови кои доколку ги отворите го покажуваат веќе изработен плакат за претседателски избори на веќе избран кандидат за претседател на државата на ВМРО ДПМНЕ, иако до одржување на Конвенцијата на ВМРО ДПМНЕ претстојат уште три дена.

– Го повикуваме Претседателот на ВМРО ДПМНЕ г-дин Никола Груевски или генералниот секретар на партијата јавно да и се обратат на јавоста и да кажат кој од партијата стои зад ова или пак доколку се работи за обид за подметнување најенегричнио да се оградат од него.
– Во спротивно доколку победникот за кандидат за претседател на ВМРО ДПМНЕ е однапред познато тогаш одржувањето на Конвенцијата ја губи својата смисла“, се вели во соопштението на Јове Кекеновски.
Конвенцијата на ВМРО – ДПМНЕ на која треба да биде избран нивниот претседателски кандидат е закажана за 1 март, сабота.




