Државниот секретар на САД, Џон Кери го напушти Блискиот Исток после четири дена интензивни дипломатски разговори за кои тој инсистираше дека вродуваат плод и покрај тоа што не беше постигнат договор за рамка за дијалогот помеѓу Израел и Палестина.
За време на посетата Кери имал интензивни одвоени разговори со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и палестинскиот претседател Махмуд Абас, а вчера замина во Јордан и Саудиска Арабија. Утрово се сретна со специјалниот пратеник на четворката блискоисточни мировни посредници Тони Блер. Претходно разговарал со лидерот на израелската опозиција Исак Херцог.
Кери не го откри својот предлог за надминување на длабокиот јаз меѓу двете страни. Меѓутоа, се верува дека преговорите биле насочени кон безбедноста на Јорданската долина, на границата меѓу Западниот Брег и Гордан, и судбината на Ерусалим, на кои двете страни имаат право.
Посетата на Јордан и Саудиска Арабија од страна на државниот секретар на САД покажува дека овие две американски сојузнички ќе бидат вклучени во секој договор меѓу Израел и Палестинците.