Mакедонски дипломат Срѓан Керим не ја исклучува можноста да се појави во изборната трка за претседател на Македонија, но само во случај да добие поддршка на некоја партија.
Досегашната пракса во демократска Македонија недвосмислено покажува дека без поддршка на една политичка партија не е реално да се зборува за кандидатура. Токму затоа, и во мојот случај сметам дека под услов да има таква поддршка ќе може да стане збор за евентуална претседателска кандидатура, вели Керим во интервју за Прес24.
Поранешниот министер за надворешни работи за прашањето за името вели:
„Притисок врз Грција од чија било страна, тука вклучувајќи го и Берлин, во овој случај може да биде само контапродуктивен. Наместо тоа и Берлин и Париз и другите земји членки на Европската Унија треба да ја повикаат Грција да се приклучи кон општата европска солидарност изразена во форма на поддршка на евроинтеграцијата на Република Македонија“, смета Керим, обаснувајќи ја заинтересираноста за прашањето за името, што клучните земји членки на Европската Унија, ја покажуваат, непосредно пред самитот на Унијата во декември.




