Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кетрин Ештон доаѓа во Скопје да разговара за името

0
By Нова ТВ on April 10, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, April 10, 2013 17:33

Високата претставничка за заедничка надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, во вторник доаѓа во Скопје, јавува Телевизијата 24 Вести.

Посетата е директно координирана и со официјален Вашингтон. Ештон во Скопје ќе дојде од Белград. Ќе се обиде да издејствува договор за клучните предуслови што ги имаат двете метрополи за напредокот кон ЕУ – Белград во договорот со Приштина, а Скопје во разговорите за името.

Посетата на Ештон на Скопје ќе биде фокусирана на динамиката на разговорите за името, особено по последниот предлог на Нимиц, соопштен вчера во Њујорк.

„Горна Република Македонија“ според грчките медиуми е предлогот што Нимиц вчера го ставил на маса пред Јолевски и Василакис.

Дојче Веле на грчки јазик, повикувајќи се на извори во Обединетите нации, вели дека името содржи географска одредница, но таа наспроти грчките позиции стои пред одредницата за уредувањето „Република“, па многу лесно би можела да биде изоставена.

Во поглед на употребата, според Дојче Веле, предлогот не предвидува едно име за севкупна употреба или „ерга омнес“ како што бара Грција, туку „најширока можна употреба“ на новото договорено име. Грчките официјали претставници за сега молчат и не го коментираат предлогот, иако според медиумите во Атина, не се задоволни од понуденото решение. Предлогот не го коментираат ниту властите во Скопје затоа што тоа било во интерес на процесот.

Според грчките медиуми, во Обединетите нации веруваат дека е важно што новиот предлог на Нимиц има географска одредница, а нејзината позиција се смета за ирелевантна, како и дека ова е најдобар можен предлог кој ги задоволува барањата, но и бара одреден компромис и од двете страни. „Ако го одбиете овој предлог, навистина не знам каде ќе одиме понатаму“, изјавил висок западен дипломатски претставник на кој се повикуваат медиумите во Атина.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
ФОКУС
April 14, 2026

Скопје: Кривичниот суд објави кога на Никола Груевски му застаруваат делата

ВЕСТИ April 14, 2026

Кривичниот суд попладнево во соопштение информираше за тоа кога застарува извршувањето на сите изречени казни…

Филипче: Паѓаат автократите – по Орбан следни се Вучиќ и Мицкоски

April 14, 2026

Песков: Русија нема да му честита на Маѓар бидејќи Унгарија е непријател / Маѓар: Ако ми се јави Путин ќе кренам

April 14, 2026

Маѓар и до Груевски да ја заобиколи ИКЕА: Унгарија нема да биде засолниште за криминалци

April 13, 2026
ТИКЕР

Турција: Пукање во школо, има ранети

April 14, 2026

Албанија ита кон ЕУ – на масата на обврските ѝ се 700 реформи

April 10, 2026

Штрајк во Луфтханза – откажани летови и хаос за илјадници патници

April 10, 2026

На косовската претедателка Османи ѝ заврши мандатот

April 4, 2026

Израел воведе смртна казна што ги таргетира Палестинците, но не и Израелците

March 31, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.