Марина Кежаровски, сопруга на новинарот Томе Кежаровски револтирана од кометарите на новиарот Латас на дневикот на Сител јавно реагираше преку нејзиниот ФБ профил. Во статусот таа напиша:
Рековте дека семејството на Кежаровски е виновно што на протестите учествувале членови на СДСМ, ние кои само си излеговме за негова подшка со неговите колеги. Ќе бевме многу среќни ако и вие присуствувате.Но според вас сега немало дилема дека ние сме членови на СДСМ. Јас која не припаѓам на ниту една политичка партија и никогаш не сум припаѓала,а неговиот брат е член на ВМРО ДПМНЕ и секогаш во првите редови на нивните активности, но него не го спомнувате.Што да ви кажам друго освен да бидете жив и здарв и да не дозволувате ова да му се случи на вашето семејство, ова што ние го преживуваме. Фрлајте по нас со камења ние ќе фрламе по вас со леб, леб кои вие му го одземавте на Томче пред години.
И тогаш преживуваме , гладуваве ама ете уште живееме. Но денска се надминавте. Не сакам да верувам дека ви причинува задоволство нашата севкупна состојба и условите во кои е тој таму и тивко и бавно го губи здравјето. Ве молам оставете не на мира да си ја водиме оваа битка како и досега без ваша помош бидејќи повеќе од сигурна сум дека ќе ја извојуваме. Господ Бог нека ви даде мир и спокој во вашето семејство, напиша сопругата на новинарот Кежаровски на нејзината ФБ страница.




