Апелациониот суд денеска ја потврди одлуката на првостепениот суд за условен отпуст на Томислав Кежаровски, што значи дека новинарот останува на слобода. Апелација ја отфрли жалбата на Обвинителството против условниот отпуст на Кежаровски и тоа значи дека новинарот нема да ги одлежи последните неколку месеци коишто му преостануваат од затворската казна.
Условен отпуст може да добијат осудените коишто одлежале повеќе од половина од казната. Апелација неодамна му ја намали затворската казна на Кежаровски од 4,5 на две години во случајот „Ликвидација“.
По пресудата на второстепениот суд Кежаровски беше веднаш приведен во затворот во Шутка, меѓутоа само по неколку дена оттаму го пуштија со образложение дека имал здравствени проблеми.
Кежаровски беше осуден поради тоа што наводно открил идентитет на заштитен сведок во случајот „Ореше“.




