Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кежаровски подготвува книга за “режисерите” на неговиот притвор

0
By Нова ТВ on January 3, 2018 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, January 3, 2018 15:04

Средба со Томислав Кежаровски, писателот-новинар, кој во својата прва книга “Живот во кутија” раскажа за осуммесечниот притвор во затворот Шутка, денеска од 12 до 15 часот беше организирана во книжарницата Или-Или.

Кежаровски изјави дека на оваа средба сака да го слушне мислењето од тие што ја прочитале книгата која тој ја објави самостојно и по два месеца од нејзиното појавување ја следат позитивни реакции.

– Првите впечатоци што ги добивам од читателите се повеќе од одлични. Читлива е, но е тешка во однос на она што го истакнувам во неа – сите мои подеми и падови во деновите додека бев во притвор. Најмногу ме радуваат позитивните критики од читателите, кои се и најповикани зашто уживаат во пишаниот збор. Не верувам дека темата во книгата им се доапаѓа, но на оваа средба сакам да разменам мислења за начинот на пишување, па во иднина, кога ќе следува продолжение на оваа книга, да се поправам во делот на пишувањето, ако има потреба – истакна Кежаровски.

Авторот се подготвува и за нова книга, продолжение на првата.

– Вториот дел ќе биде околу „режисерите“ на мојот случај. Сите оние кои, условно, помалку или повеќе придонесоа да појдам во притвор. Работам на прибирање на податоците. Дел од материјалите сè уште ги немам видено затоа што можеби и не сум доволно психички подготвен да ги разгледам сите. Оној момент кога ќе бидам во состојба да можам и да бидам растоварен од некои работи за да седнам и да се посветам на тоа, ќе почнам со подготовката. Се надевам дека во догледен период, можеби на крајот на годината, ќе излезе продолжението – втората книга. Но, да оставиме да видиме како ќе се одвиваат работите – изјави Кежаровски.

Живот во кутија Томислав Кежаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.