Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кежаровски уапсен поради текст во 2008-ма

0
By Нова ТВ on May 28, 2013 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email


Томислав Кежаровски, новинар на весникот „Нова Македонија“, е уапсен поради текст што го објавил во ноември 2008-ма година во тогашниот двонеделен магазин „Репортер 92“.

Според информациите на Нетпрес, магазинот во кој што во тоа време пишувал и Кежаровски, на 20-ти ноември објавил текст и факсимил од записникот од судењето за нарачаното убиството во велешко Ореше во кој што било наведено и вистинското име на заштитениот сведок „Бреза“ – Златко Арсовски.

„Репортер 92“ објавиле дека во предметот против браќата Ордан и Љупчо Ѓоргиевски, недостигале повеќе докази, поточно резултатите од вештачења на оружје, облека, догорче од цигара, траги од стапала и за присуство на барут, како и записот од детекторот за лаги.

Како нарачетел на убиството се обвинуваше Ѓоре Петровски кој долги години живеел во САД. Петровски поради обвинението за нарачано убиство беше екстрадиран во земјава.

Поради објавата на факсимилот од записникот и наводна кражба на предметот од велешкиот суд неколку месеци подоцна беше разрешен и судијата Валентин Зафиров што го водеше судењето за убиството на Лазар Милошевски.

Инаку, Кежаровски е уапсен утрово заедно со еден поранешен и еден актуелн судија, јавен обвинител и уште неколку лица. Според првичните информации од Министерството за внатрешни работи, во големата полициска акција вкупно се уапсени деветмина и направени се претреси на повеќе локации.

Уапсените веќе се однесени пред истражен судија во Основниот суд 1 во Скопје.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.