Комисијата за хартии од вредност ја прекина поведената постапка по Барањето за издавање дозвола за понуда за преземање на „Макпетрол“ од страна на „Балкан Петролеум Холдинг Лимитед“.
– Постапката е прекината поради решавање на претходно прашање кај друг надлежен државен орган. Заклучокот е врз основа на член 1 став 2 од Законот за презeмање на акционерски друштва, како и врз основа на член 147 став 1 од Законот за општата управна постапка. Според овие законски одредби, ако КХВ како орган што ја води постапката, наиде на прашање, кое претставува самостојна правна целина во надлежност на друг орган, а без чие решение неможе да се одлучи за поднесеното барање, КХВ ја прекинува постапката, додека надлежниот орган не се изјасни по претходното прашање.
