Главниот град на Украина, Кијив, се соочува со вонредни прекини на електричната енергија, поради кои се запрени системите за вода, греење и електричен сообраќај, соопшти градската администрација.
Одлуката е донесена по наредба на операторот на украинската енергетска мрежа „Укренерго“, а екипи на електроинженери работат на обновување на снабдувањето.
Синоќа, најмалку четири лица загинаа, а повеќе од 20 се повредени во руски напади со дронови и ракети врз Киев. Вонредни исклучувања на струја се воведени во сите делови на престолнината, а слични напади се пријавени и во Одека, Криви Рог, Харков и Дњепропетровск.
Според руското Министерство за одбрана, нападите биле насочени кон енергетски објекти и складишта за гориво, како и кон инфраструктурата на украинскиот воено-индустриски комплекс. Украина ги потврдува експлозиите и прекините во снабдувањето, а последиците ги чувствуваат илјадници жители.




