Шефот на украинската дипломатија, Андриј Сибига, денеска изјави дека рускиот напад во кој беше погоден патнички воз во Сумскиот регион бара сериозен одговор и побара воведување „нови разорни санкции“ против Русија, објави украинската агенција Укринформ.
Сибиха напиша на социјалната мрежа Х дека рускиот напад со дронови врз железничката станица во градот Шостка, во Сумскиот регион, бил намерен.
„Ова е една од најварварските руски тактики“, наведе Сибиха, објаснувајќи дека во вториот напад, цел на нападот биле спасувачките екипи и луѓето што ги евакуирале повредените.
Нови разорни санкции. Ново засилување на Украина. Ова може да се направи и мора да се направи за да се зголеми цената на оваа војна за Русија, повика шефот на украинската дипломатија на Х.