Украинските власти наредија задолжителна евакуација од неколку населени места во округот Синелниково во регионот Дњепропетровск. Одлуката се однесува на повеќе од 40 градови и села, соопшти денес прес-службата на територијалната заедница Покровске.
Евакуацијата започнала вчера и ќе трае 30 дена. Селото Волоске во Днепарската област е назначено за транзитна точка за евакуираните. Акцијата упатува на можни засилени воени дејствија на уктраинската армија на таа територија.
Властите предупредуваат дека областа моментално е активна борбена зона и дека останувањето таму претставува закана за здравјето и животите на цивилите.
Гувернерот на Черниговската област, Вјачеслав Чаус, пренесуваат украински медиуми, денекас изјавл дека во тој регион е објавена задолжителна евакуација на 14 погранични села.




