Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кибер просторот стана водечка арена за влијание, мешање и шпионажа, оценува француската парламентарна Комисија за разузнавање

0
By Ана Василевска on November 3, 2023 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Русија во моментов ја предводи листата на земји директно инволвирани во разузнавачки активности и странско мешање во Европа, по која следуваат Кина, Турција и Иран, но водечката позиција на Москва во блиска иднина би можела да биде преземена од страна на Пекинг кој на терен има околу 250.000 агенти, се наведува во извештај на Комисијата за разузнавање на францускиот Парламент.

– Постои високо ниво на закани од странско мешање во овој тензичен меѓународен контекст, се наведува во извештајот на Комисијата, која е одговорна за надзор на работата на разузнавачките служби.

Според Комисијата, ваквото „високо ниво на закана од странско мешање“ се должи на „радикалната промена во геополитичкиот контекст“ во светски рамки, но и на „дигиталниот и технолошки напредок“, која овозможи кибер просторот да стане „водечка арена за конфронтација“ меѓу државите и за ширење на влијание, мешање и шпионажа.

Во извештајот се посочува дека Русија е единствената држава која „манипулирањето со информации го воспоставила како своја официјална доктрина со цел да го ослабне Западот“, особено поврзано со мешање и обиди за влијание врз изборните процеси.

– Руската закана во моментов е значително најголема, но на среден рок, за околу десет години, несомнено најголема ќе стане кинеската закана, која е глобална и системска, се додава во извештајот.

Едностраните санкции против Русија само ќе ги зголемат раздорот и конфликтот околу Украина, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Ванг Венбин, коментирајќи

Во документот се посочува дека разузнавачката служба на Кина располага со 250.000 агенти, а дополнителен проблем е тоа што според кинеското законодавство „секој кинески државјанин е потенцијален шпион, бидејќи за попречување на разузнавачки активности им се предвидени санкции“. Значајна улога во стратегијата за мешање на Кина има и кинеската дијаспора инструментализирана преку мрежата на институции под директна контрола од Кинеската комунистичка партија, позната како „Обединет фронт“, која ги контролира најголемиот број медиуми на кинески јазик во странство.

Според Комисијата, како што јави дописникот на МИА од Брисел, специфичноста на разузнавачките активности на Кина лежи во поврзувањето на економското и научно-образовното влијание и шпионажата, што се манифестира преку инвестирање во стратешки сектори, како енергијата и транспортот, но и финансиска поддршка на високообразовни институции низ Европа.

Во извештајот се нагласува дека главна причина за „ранливоста“ на Европа на странско влијание е „наивноста“ на избраните претставници и високи државни службеници, но и на бизнис и академските кругови, кои „не се доволно свесни за опасноста“.

– Овие странски сили ја користат наивност и занемарувањето што одамна преовладуваат во Европа… но, враќањето на војната на нашиот континент доведе до колективно сфаќање за потребата да го заштитиме нашиот суверенитет, се наведува во документот.

Комисијата предлага иницирање на систематски кампањи за подигање на свеста на националните и локалните избрани претставници, бизнисмените и академската заедница за опасноста од странското влијание.

Новата американска контраразузнавачка стратегија за периодот 2020-2022 година формулира пет задачи, а први на списокот закани се Русија и Кина. Документот е објавен од Националниот центар за

– Неопходно е да се браниме од такво мешање и да развиеме контраразузнавачки алатки кои се компатибилни со почитување на нашите демократски вредности, се додава во документот, во која како едно од можните решенија се предлага усвојување на европско законодавство за регистрација на странски агенти, по примерот на законот во САД.

Натаму се предлага „воведување на обврзувачки правни инструменти придружени со систем на санкции за да се стави крај на неказнивоста“ на кампањите за дестабилизација и ширење дезинформации што потекнуваат од странство, при што како добар пример се посочува Кодексот на ЕУ за справување со дезинформациите на интернет.

Во документот се повикува и на зајакнување на „европскиот механизам за кибер безбедност, со човечки и финансиски ресурси согласно предизвиците“, како и да се обезбеди гаранција дека „сигурноста на стратешките инфраструктури не зависи од странски технологии“.

Дополнително се предлага ЕУ да иницира постигнување „меѓународен договор за кибер безбедност“, но и да се обезбеди ефикасна координација меѓу сојузниците во „дефинирањето на стратешко партнерство помеѓу различните актери и структурите на ЕУ и земјите членки“.

– Затоа, повеќе од кога било, потребна ни е јавна дебата за демократски одговор на странското мешање, се заклучува во извештајот, во која се повикува француската Влада додека чека заеднички европски одговор, самата да преземе мерки за справување со овој феномен.

Кина Руска шпионажа хакери
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
ФОКУС

Трамп до Путин: Нема да губам време

ВЕСТИ October 26, 2025

 Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин…

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025

Данела Арсовска: Советот на Град Скопје и Управниот одбор се одговорни за состојбата во „Комунална хигиена“

October 23, 2025
ТИКЕР

Двајца словенечки министри дадоа оставки по убиството во Ново Место

October 26, 2025

Косовското собрание не го избра Курти за премиер

October 26, 2025

Француската полиција уапсила двајца осомничени за грабежот во Лувр

October 26, 2025

Лидерите на Тајланд и Камбоџа потпишаа проширен договор за прекин на огнот во присуство на Трамп

October 26, 2025

Некои модели на вештачка интелигенција развиваат свој сопствен режим на програмирање за преживување

October 26, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.