Зоран Милески – Кичеец доби шест месеци затвор за сообраќајката на превојот Стража, која се случи на четврти септември, потврдуваат од Обвинителството за ТВ24. Според информациите на телевизијата, обвинетиот постигнал спогодба со Обвинителството, а судија на претходна постапка ја прифатил спогодбата.

Во сообраќајката животот го загуби сопатник во автомобилот „Санг јонг“, четири лица се здобија со тешки телесни повреди, а тројца, меѓу кои и осомничениот, се здобија со полесни телесни повреди.