Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кичеец призна вина и утре ќе му се пресуди, Јовановски и Јанева ќе докажуваат невиност

0
By Нова ТВ on December 3, 2019 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, December 3, 2019 17:04

Љубиша Арсиќ

Со конфронтирање на обвинителката во предметот „Рекет“, Вилма Русковска и обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева започна судскиот процес. На моменти некои зборови прозвучуваа и како навреда, но секој сака со што посочни зборови да нападне, односно да се одбрани. Дефанзивна улога имаше Зоран Милевски Кичеец, кој свесен за последиците прифати вина и нему утре ќе му биде изречена пресуда. Колку неговото признание ќе им ја намали шансата на Јовановски и Јанева да се одбранат, особено заради фактот дека тие двајцата се изјаснија како невини. Сите наводи на Јавното обвинителство биле неточни.

При презентирањето на обвинителниот акт Русковска истакна дека Јанева од алчност му доверувала на Јовановски ексклузивни информации кои не смеела да ги пренесува.

„Имаше еден филм „Чарлиеви ангели“ и една госпоѓа која влезе во филм на една естрадна ѕвезда Бојан Јовановски и мислеше дека никој ништо не ѝ може. Може ќе слушнете дека тоа што го направи Катица Јанева е поради наивност или осаменост, но обвинителството има несоборливи докази дека од алчност ја предаде довербата на народот, дека свесно и со умисла ѝ изнесувала детали од истрагата на самопрогласената естрадна ѕвезда Боки Јовановски, што е спротивно на ЗКП“ – образложуваше Русковска во воведниот говор на рочиштето за „Рекет“. Според неа Боки 13, преку Кичеец стапил во контакт со Ана Камчева, сопругата на Орце.

Потоа следуваа лутите реакции на прозваните. Јанева ги тешеше судиите да не се плашат од СМС заканите на Русковска и да судат достоинствено.

„Горда сум на формирањето на СЈО, на тимот кој го предводев четири години, на сите обвинители и истражители. Ја имав честа да формирам тим на обвинители и истражители. Секојпат сум била општествено одговорна“, се преставуваше Јанева пред судот како врвна професионалка. Не пропушти да истакне колку имала сработено, па наведе дека за четири години во СЈО оформиле 171 предмет и сите во различна фаза се предадени на Јавното обвинителство. Очекува тие да имаат завршница и визионерски заврши дека се што направила во СЈО ќе биде пример за следните генерации.

Претходно, воведни зборови имаше и првообвинетиот Бојан Јовановски за кого предметот „Рекет“ се користи за да се водат валкани политички игри врз негов грб.

„Обвинителството ми го сатанизираше името, ме доведоа до линч и набрзо ми го затворија медиумот „1 ТВ“- зборуваше Јовановски, со видно загрижувачка здравствена состојба. Токму здравјето беше причина тој да задоцни 45 минути од притворот во Шутка. Исто како и претходно, и тој, и неговиот адвокат се пожалија дека не му се дава соодветна терапија. Потоа го прегледа лекар што беше присутен во судот и заклучи дека тој може да го следи процесот. Затоа и немаше одложување, иако Јовановски тврдеше дека за да учествува поангажирано во процесот дека му треба подобро здравје.

Боки 13 е обвинет за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Јанева е обвинета за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а Милевски за „Примање награда за противзаконито влијание“.

На следното судење се очекува да сведочи Орце Камчев, бизнисменот кој е длабоко вмешан во целата приказна и сигурно има информации интересни за судот и за јавноста. Но за тоа повеќе ќе се знае во петок. По завршување на рочиштето, Русковска призна дека очекувала признание на вина и од другите обвинети, наспроти адвокатите кои одново ги оспорија доказите на ЈО и повикаа доколку надлежните имаат докази дека Јанева примила пари да се изнесат од кого ги примила, кога и во колкав износ.

Првото соочување во судница остави впечаток дека ќе има силни правни аргументирања и конфронтирања на двете страни во понатамошниот тек од процесот, во надеж дека сите ќе бидат конструктивни, како што и ги замоли судијката Николовска – Масевска.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026

(АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА) Кој е Михаил Звинчук и зошто протераниот руски пропагандист замина токму во Белград

October 11, 2026

По што ќе останете запамтени

October 10, 2026

Анализа на ЦИВИЛ МЕДИА: Скопје без план – кој ја плаќа цената на европскиот застој?

October 10, 2026

Светски ден на менталното здравје: Светската здравствена организација повикува на грижа со достоинство и почитување на правата

October 10, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.