Published: Thursday, November 28, 2013 09:58
Три лица загинаа, а две се тешко повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 4:30 часот се случила на улицата „Ужичка Република“ во Кичево.
Несреќата се случила кога автомобилот „Голф“ со кичевски регистерски таблички изгубил контрола и удрил во куќа.
Во автомобилот се наоѓале пет лица, од кои три починале на лице место- Мурат А.(15), Адмир В. (25) и Јетон Е. (25).
Двајцата тешко повредени се пренесени во медицинскиот центар во Кичево, а едно од лицата е префрлено во охридската болница „Св. Еразмо“.
Се уште не е познат нивниот идентитет, но според неофицијалните информации станува збор за помлади лица, јавуваат македонските медиуми.
Полицијата извршува увид на местото на несреќата.




