Четворица италијански новинари се киднапирани во северниот дел на Сирија, соопшти италијанското Министерство за надворешни работи. Италијанските власти бараат максимална дискретност и оценуваат дека физичката безбедност на заложниците претставува апсолутен приоритет.
Според весникот „Република“, станува збор за репортер на италијанската релевизија РАИ и тројца новинари „фриленсери“. Изданието пишува дека тие се киднапирани од бунтовничка група додека правеле видео снимки.
Еден Италијанец веќе беше киднапиран во Сирија заедно со уште двајца Руси на 12 декември минатата година. Тројцата беа ослободени на 4 февруари. Оваа недела сирискиот режим предложи амнестија за киднаперите кои за 15 дена ќе ги ослободат киднапираните лица, а истовремено ја зголеми казната за киднапирање