Published: Sunday, October 20, 2013 10:42
Двајцата турски пилоти, кои беа киднапирани и држени како заложници од екстремисти во Либан од август, се вратија во својата татковина.
Турските телевизии синоќа во живо го пренесуваа пристигнувањето на Мурат Акпанар и Мурат Агџа на аеродромот во Истанбул со катарски приватен авион.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган и други официјални лица ги пречекаа на пистата.
Пилотите беа ослободени во рамките на договорот, со кој се обезбеди ослободување на деветмина либански верници, киднапирани во Сирија.
Не е познато дали е исполнет третиот дел од договорот, кој предвидува ослободување на десетици жени од сириските владини затвори. Тоа беше клучното барање на сириските бунтовници, кои ги држеа либанските заложници.




