Украинскиот претседател Петро Порошенко соопштил дека се согласил со рускиот претседател Владимир Путин за “траен прекин на огнот”, во источниот дел на земјата, пренесува Би-Би-Си.
Претходно, рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со својот украински колега Петро Порошенко.
„Шефовите на двете држави разговараа за тоа што треба да се направи за да дојде до итен прекин на крвопролевањето во југоисточна Украина“, посочи прес секретарот на рускиот претседател.