Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кикс фрики мерка

0
By Zoran Ivanov on March 24, 2026 ИЗБОР
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, March 24, 2026 18:19

Денешната „кикс фрики“ мерка е речиси естетски минимализам во споредба со тогашниот интервенционизам. Таа не се занимава со структурата на проблемот, туку со неговата перцепција. Намалувањето на ДДВ не ја менува основицата на цената, не ја допира акцизата, не влијае на глобалните пазари. Тоа е, во суштина, корекција на финалниот слој – козметичка, но политички експлоатибилна.

Жанета Ќосе

Во политичката економија постои едно старо правило, кога реалноста станува прескапа – поевтинува реториката. Во таа смисла, најновата фискална акробатика на Владата предводена од Христијан Мицкоски е речиси учебникарски пример за тоа како се продава стабилност, додека се купува време. Намалувањето на ДДВ за горивата од 18 на 10 проценти не е ништо помалку од внимателно спакуван политички перформанс – мерка што на прв поглед делува како социјален мелем, а во суштина функционира како технократска камуфлажа за нешто многу поинакво.

Ако ентропијата, како што не учи физиката, е мерка за нередот во системот, тогаш оваа одлука е нејзин фискален еквивалент – обид да се внесе привиден ред во еден економски хаос, без да се смени ништо суштинско во неговата структура. Зашто, да не се лажеме, ова не е политика на намалување на цени – ова е политика на амортизирање на шокови. И тоа не за сите.

Во една поинаква политичка сезона, не така одамна, кога владите предводени од СДСМ се соочија со енергетската криза што дојде како последица на геополитички турбуленции и берзански експлозии, логиката беше дијаметрално спротивна. Таму државата не се однесуваше како касиер што враќа ситно, туку како осигурител кој покрива ризик. Деветте антикризни пакети, особено седмиот, осмиот и деветтиот, не беа само фискални интервенции, туку тие беа обид за редефинирање на односот помеѓу државата и граѓанинот во време на системска криза.

Кога 611.000 домаќинства добиваа субвенционирана струја, не стануваше збор за популизам, туку за масовна социјална стабилизација. Кога државата покриваше до 90 проценти од ценовниот јаз меѓу пазарната и регулираната цена, таа практично ја преземаше улогата на штит. Кога 63.000 корисници на парно греење беа заштитени од ценовен шок, тоа не беше симболичен гест, туку конкретна интервенција во животниот стандард. Кога се делеа енергетски ваучери за ранливите категории, се признаваше дека пазарот не е неутрален арбитер, туку механизам што произведува нееднаквости.

И, можеби најважно, кога се инвестираше во фотонапонски централи, зелени обврзници и енергетска ефикасност, се гледаше подалеку од следниот ценовен пик. Тоа беше политика што ја разбираше кризата не како момент, туку како процес.

Спротивно на тоа, денешната „кикс фрики“ мерка е речиси естетски минимализам во споредба со тогашниот интервенционизам. Таа не се занимава со структурата на проблемот, туку со неговата перцепција. Намалувањето на ДДВ не ја менува основицата на цената, не ја допира акцизата, не влијае на глобалните пазари. Тоа е, во суштина, корекција на финалниот слој – козметичка, но политички експлоатибилна.

Но вистинската иронија лежи во тоа што оваа мерка, која се продава како заштита на граѓаните, функционира најрационално за оние што најмалку имаат потреба од заштита. Големите потрошувачи, компаниите, транспортните фирми – сите тие, како ДДВ обврзници, го повраќаат данокот. За нив, стапката е речиси ирелевантна во крајниот биланс. Она што го добиваат е подобрена ликвидност, побрз обрт на капиталот, помал притисок врз паричните текови.

Граѓаните, пак, се единствените кои навистина го плаќаат ДДВ-то. За нив, намалувањето е реално олеснување, но ограничено и условено. Тоа не ја решава нивната енергетска ранливост, не ги штити од идни шокови, не создава системска сигурност. Тоа е, во најдобар случај, пауза помеѓу две поскапувања.

Тука се открива суштинската разлика помеѓу двата пристапи. Социјалдемократскиот модел, со сите свои слабости, се обидува да ја социјализира кризата – да ја распредели тежината така што најранливите ќе бидат најзаштитени. Итарпејовскиот модел, кој сега го гледаме, ја индивидуализира кризата – ја претставува како нешто што секој треба да го преживее со мала помош од државата, но без нејзина вистинска интервенција.

Во таа смисла, намалувањето на ДДВ на горивата е повеќе психолошка операција отколку економска стратегија. Таа има за цел да спречи „психолошки“ цени, да ја ублажи перцепцијата на поскапување, да создаде чувство дека нешто се прави. И навистина, нешто се прави – но прашањето е за кого.

Зашто, ако буџетот се откажува од дел од приходите, ако мерката не ја намалува суштински цената, ако компаниите го враќаат данокот, тогаш останува дилемата што не може да се амортизира со ниту една фискална формула – кого всушност штити оваа политика ?

Дали граѓанинот, кој плаќа на пумпа и нема механизам за поврат, или системот на големи потрошувачи, кој функционира независно од стапката ? Дали ова е социјална мерка или бизнис олеснување со социјална амбалажа ?

Во свет каде ентропијата расте, а политиката се обидува да ја скроти со симболични потези, останува само едно рационално прашање – кого штити Христијан Мицкоски?

Жанета Ќосе колумна
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 11, 2026

ЕУ сепак ќе разговара со Путин – се бара посредник засега меѓу Меркел и Макрон

ВЕСТИ May 11, 2026

Европската Унија реагираше многу претпазливо на изјавата на рускиот претседател Владимир Путин дека војната во…

Техеран: Иран го отфрли планот на САД – цените на нафтата веднаш скокнаа

May 11, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

May 9, 2026

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.