Поранешниот висок кинески функционер Бо Ксилаи во неделата судот во Јинан, град во источната покраина Шандонг го прогласи виновен по сите точки од обвинението и го осуди на казна доживотен затвор, јавува ББЦ.
Ксилаи е осуден за корупција на доживотен затвор, доби 15 години за проневера и седум години затвор за злоупотреба на овластувањата. Освен тоа, ќе му биде запленет целиот имот.
Поранешниот министер за трговија беше највисокиот комунистички функционер во Чангзинг, а обвинението го товареше дека проневерил 25 милиони јуани, околу три милиона евра, во текот на 1990. те, кога управуваше со градот Далиан во североисточна Кина.
Според обвинението, го спречил блискиот соработник Ванг Лиџун, началник на полицијата во Чангзинг да ги истражи сомневањата за убиството за коешто била осомничена сопругата на Ксилаи, Гу Каилаи. Таа беше осудена на смртна казна за убиството на британскиот бизнисмен Бил Хејвуд.