Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

„Киненова“:Мето Јовановски е годинешен добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност, постхумно наградени и Сабина Ајрула Тозија и Љупчо Тодоровски-Упа

0
By Mirjana on October 26, 2021 КУЛТУРА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Наградата за особен придонес во филмската уметност, која ја доделува МФФ „Киненова“ годинава му припадна на македонскиот актер Мето Јовановски.
-Сите ние некојпат сме биле почетници и секојпат некој познат или непознат се случувало да не помогне. Да имаме некаква позадина, поддршка, што е многу важно. Други времиња беа кога јас почнав во седумдесеттите години, други времиња се сега. Не би рекол дека на Милчо Манчевски првиот филм „Пред дождот“  е дебитантски филм, но е еден од неговите први филмови и постогна голем резултат. Нештата немаат правила, честопати се случува во почеток, од многу причини, амбиција, креативност, страв да се успее, дали ќе се успее итн..се случува некои филмови на почетокот да се поуспешни од покасно. Нема правила, нашата работа е колективна, зависи од многу фактори, од сценарио, режисер, партнери, камери, расвета, монтажа…многу фактори се пресудни за на крајот да има добар резултат, но и условите, амбиентот во кој се работи, времето во кое живееме. Филмот е скапа играчка и денес потешко се доаѓа до сретства, рече Јовановски.
Во чест на лауреатот на „Киненова“ ќе биде прикажан филмот „Тетовирање“ на Столе Попов.
-За овој филм толку многу е зборувано, толку многу реплики се знаат и од помладите и од постарите, така што тоа како проект одживеало и сеуште живее, присутен е и овде и во просторите на поранешна Југославија. Повеќе би сакал да зборувам за проект кој сега се создава, креативци луѓе кои работат нов филм, да не живееме на стара слава. Награди добивам и овде и на просторите на поранешна Југославија и не се случило да одбијам награда. Тоа е дел од нашата професија-признанија, награди, аплауз…да ве застануваат на улица. Тоа е сепак присутност во јавноста, рече Јовановски и забележа дака во странство има  малку подобар однос кон луѓето кои се занимаваат со култура, не само актери, туку и уметници, музичари.
За секој актер театарот е многу важен.
-Театарот е основа. Но, филмот е една магија која не се дава така лесно. Тетарот за мене е основа. Тоа за мене е вистинската работа за еден актер. Филмот е во рацете на режисерот, а театарот нема други фактори. Во филм може да се случи некој од улица или дете да биде подобар од актерот, но во театарот не е така. Театарот го сакам од секојпат, премногу го сакам, актерите му го посветуваат животот на тетатрот и сум имал можност да одиграм значајни улоги во театар и кај нас и во Сараево, Сплит, Црногорско народно позориште…, рече Јовановски.
Оваа година МФФ „Киненова“ постхумно доделува и две награди за особен придонес во филмската уметност на актерите Сабина Ајрула Тозија и Љупчо Тодоровски-Упа.
-Љупчо Тодоровски беше значаен дел од Фестивалот, беше еден од неговите основачи и во таа чест се востановува наградата која ќе го носи неговото име и ќе се доделува за најдобро актерско остварување во главната натпреварувачка програма, соопшти директорот на фестивалот, Небојша Јовановиќ.
добитник на наградата „ Киненова“ Метѕо Јовановски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
ФОКУС

ЈОРСМ: Две лица од раководството на ЈП „Комунална хигиена“ приведени за загрозување на животната средина и природата со отпад

ВЕСТИ October 27, 2025

Јавното обвинителство денеска соопшти дека се приведени и задржани две лица од раководството на ЈП…

Трамп до Путин: Нема да губам време

October 26, 2025

Родителите на загинатите во „Пулс“: Каде беа институциите кога ни изгореа децата?

October 25, 2025

Католичките свештеници за помалку од пет години сексуално злоупотребиле 4.451 лица

October 24, 2025
ТИКЕР

Германија: Училишна програма за децата во случај на војна

October 27, 2025

Полицијата во САД откри сериски убиец по 20 години

October 27, 2025

Париз: ДНК ги откри крадците но накитот од Лувр уште го нема

October 27, 2025

Украинска армија: Уништивме моќен руски систем вреден 45 милиони долари

October 27, 2025

Во САД вчера одложени повеќе од 8000 летови

October 27, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.