Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Кинески наставници меѓу четворицата загинати во експлозијата на универзитетот во Пакистан

0
By Соња Крамарска on April 27, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Тројца учители од Кина и еден возач се убиени во самоубиствен бомбашки напад во близина на центар за учење кинески јазик во најголемиот пакистански град Карачи. Четворицата биле во комбе во близина на Институтот Конфучиј на Универзитетот во Карачи, кога експлозијата одекнала во возилото, изјави пакистанската министерка за внатрешни работи Рана Сана Улах за Си-Ен-Ен.

Ослободителната војска на Балузи (БЛА), милитантна сепаратистичка група од пакистанската југозападна провинција Балучистан, ја презеде одговорноста за, како што вели, самоубиствениотнапад.

Четвртиот кинески учител е повреден во експлозијата, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи. „Крвта на кинескиот народ не треба да се пролева залудно, а оние што стојат зад овој инцидент сигурно ќе ја платат цената“, се вели во соопштението на Министерството.

Министерството изрази „силна осуда и огорченост“ поради нападот и побара од Пакистан да спроведе темелна истрага, да ги казни одговорните, да ја обезбеди безбедноста на кинеските граѓани и да спречи такви инциденти да се повторат.

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф го осуди инцидентот.

Кина е близок партнер на Пакистан и негов најголем извор на воена и економска поддршка. Но, во последните години терористичките напади насочени кон кинеските државјани и нивните интереси во Пакистан го вознемирија Пекинг. Минатата година, 13 лица, меѓу кои 9 кинески државјани, загинаа во експлозија што погоди автобуска конвој што превезуваше кинески инженери до градилиште за хидроцентрала во северен Пакистан. Исламабад ги обвини за тој напад пакистанските талибанци, кои дејствуваат надвор од Авганистан. Сепак, имаше и низа напади врз кинеските државјани и нивните интереси од страна на БЛА, која се спротивставува на она што го гледа како монопол на Исламабад над минералните ресурси на Белуџистан.

ЕКСПЛОЗИЈА НА БОМБА ВО ПАКИСТАН кинески учители
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025
ФОКУС

„Супорт Кочани“ : Собравме и поделивме близу 11 милиони денари на 137 лица

ВЕСТИ November 9, 2025

Граѓанската иницијатива „Супорт Кочани“ соопшти дека е извршена втора распределба од средствата од заедничката сметка…

Родителите на починатите во „Пулс“ со порака до судиите: Не дозволувајте болката и гневот да станат уште поголеми

November 8, 2025

Лукоил извиси – Ганвор груп се откажа

November 7, 2025

Шестмина мигранти загинаа за време на полициска потера во Бугарија

November 7, 2025
ТИКЕР

Контроверзен руски крипто-милионер и сопругата се убиени во Дубаи, телата им ги распарчиле изнудувачи

November 9, 2025

Големи демонстрации во Лисабон: Работниците се спротивставуваат на олеснето отпуштање и скратување на правата

November 9, 2025

Кина привремено ја укина забраната за извоз на ретки метали во САД

November 9, 2025

Бајден до Трамп: Ги посрами САД и ги издигна интересите на богатите над оние на обичните Американци

November 9, 2025

Курти: Или преодна влада до избори во декември, или нови избори напролет

November 8, 2025
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.